Ако хаосот е уметност, тогаш моево срце е ремек дело
Моиве демони ги оттурнуваат луѓево околу мене, ѓаволиве што живеат во душава ги уништуваат чувствава како да се ангели. А разумов е на раб на загуба, ќе ја изгуби биткава.
Јас сум негова жртва, жртва на разумов кој е целосно контролиран од демониве. Ми го обзедоа целово тело, ме зграбија во нивни канџи.
Кое е чудовиштево што живее во мојава кожа? Не можам да го отуѓам од себе, се всели и пушти корени во мене. Не дозволува ништо да допре до срцево, не дозволува да биде најдено најуништеното место во мене, не дозволува да биде сакано.
"Добредојде во реалниот свет" - ми шепоти во мене. Ова е реалниот свет? Ваков ли е?
Луѓето се отров, смртоносен отров. Со секој нивни допир умирам полека, умирам внатрешно. Мрачнава душа се труе, а демониве не и дозволуваат целосно да се предаде. Како да сакаат уште да ја мачат.
Очигледно, нашиов свет е мрачно место. Премногу мрачно за да може светлината да се избори против мракот. Низ него талкаат сите оние чудовишта кои го создаваат хаосот, хаосот во луѓето, во мене. А велат авантура било. Авантура било да се живее во безредие.
"This chaos is a splendid adventure, it is a work of art."
Ако хаосот е уметност, тогаш моево срце е ремек дело.
Автор: Ана Мартиновска
Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!