Приказна која нè учи што значат тешките времиња
На сите понекогаш им се случува да се соочуваат со разни препреки и предизвици во животот, кои често прават да се чувствуваме немоќни и слаби...
Ако сте во потрага по начин кој ќе ви помогне да ги надминете тешките времиња, тогаш добро запомнете го ова што ќе го прочитате:
„Еден човек продавал овошје на тезга покрај улицата. Бил неписмен, па никогаш не читал весници во својот животот. Работата ја градел така што на улицата поставувал едноставни знаци кои упатувале дека на неговата тезга има овошје.
Многу луѓе купувале од него и работата му напредувала. Од заработените знаци човекот одлучил да направи уште повеќе знаци и патокази на улицата, па така продажбата на овошје сѐ повеќе се зголемувала.
Еден ден неговиот син, кој после студирањето во градот се вратил дома му рекол: „Тато, знаеш ли дека светот минува низ многу тешки времиња? Економијата во земјите е во лоша состојба!”
Загрижен поради состојбата на економијата, човекот одлучил да го намали бројот на знаци на улицата и започнал да продава овошје со помал квалитет, бидејќи било поевтино. Продажбата набрзо паднала.
„Мојот син е во право”, си помислил човекот. „Ова се навистина тешки времиња“.