Приказна за 30 секунди: Навистина е прекрасно да те измамат...

Сигурно барем еднаш ви се случило да бидете измамени, без разлика на тоа за каква измама станува збор. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е вистинскиот губитник во измамата?

prikazna-za-30-sekundi-navistina-e-prekrasno-da-te-izmamat-1

Дали навистина измамениот е тој што е губитник или пак оној кој засекогаш изгубил нечија доверба?

Оваа приказна која ќе ви одземе само 30 секунди ќе ви покаже зошто е прекрасно да бидеш измамен:

„После победата на еден важен турнир, аргентинскиот голф играч Роберт Де Вичензо се упатил кон својот автомобил на паркингот. Во тој миг една жена се доближила до него, му честитала за победата, а потоа во доверба му раскажала како животот на нејзиниот син виси на конец и дека таа нема доволно финансии да ги покрие трошоците во болницата.

Во истиот тој миг, без размислување Роберт и дал дел од своите пари, кои штотуку ги освоил на турнирот.

Една недела подоцна, за време на ручекот во Здружението на професионални голф играчи, Роберт им раскажал на своите пријатели што му се случило на паркингот. Еден од неговите пријатели го прашал дали жената била русокоса со мала лузна под левото око.

Роберт потврдил дека жената изгледала токму така.

„Таа те измамила”, рекол неговиот пријател.

„Таа жена е навистина голем измамник и секогаш ја раскажува таа иста приказна на сите голф играчи.”

„Значи, детето чиј живот виси на конец воопшто не постои?”- прашал Роберт.

„Не постои”- одговорил неговиот пријател.

„Па тоа е најпрекрасното нешто кое го чув оваа недела!” - одговорил Роберт.

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg