Приказна: Моќта на добрите дела
Еден сиромашен фармер по име Флеминг, додека работел за основна егзистенција за него и неговото семејство, слушнал повик за помош кој доаѓа од блиското мочуриште. Го фрлил алатот и се затрчал кон местото.
Таму нашол едно момче до половина во црна кал кое било очајно за помош. Флеминг успеал да го спаси момчето од она што можело да се опише како бавна, но сигурна смрт.
Следниот ден, сосема неочекувано, отмена кочија се појавила во скромниот двор на домот на Флеминг. Елегантно облечениот благородник се симнал од кочијата и се претставил како татко на момчето кое го спасил претходниот ден.
Сакам да ве наградам, рекол благородникот. Го спасивте животот на мојот син.
Не, јас тоа не можам да го прифатам, одговорил гордо шкотскиот фармер, одбивајќи ја понудата.
Во тој момент, синот на фармерот се појавил на влезната врата.
Дали тоа е вашиот син? прашал благородникот.
Да, гордо одговорил фармерот.
Имам предлог за вас. Дозволете ми да му го овозможам истото образование на вашиот син, како и на мојот. Ако е на својот татко, тој сигурно без сомневање ќе прерасне во човек на кој сите ќе бидат горди.
Тоа и го направил...
Синот на фармерот почнал да оди во најдоброто училиште и во најбрз можен рок дипломирал во Лондон. По кратко време детето било познато како „Александар Флеминг, пронаоѓачот на пеницилин.“
Години подоцна, синот на благородникот се здобил со страшно запаление на белите дробови, што во тоа време било еднакво со смртната казна.
Единствено нешто што во тој момент ќе му го спасел животот бил Пеницилинот.
Се прашувате како се викал тој благородник? Господин Рандолф Черчил...
А како се викал неговиот син? Господин Винстон Черчил...
Некој некогаш рекол: Прави добро и со добро ќе ти се врати! И да, ако правиш зло очекувај го назад.
Затоа:
- Работи како да не ти требаат пари...
- Сакај како никогаш да не си бил повреден...
- Играј како никој да не те гледа...
- Живеј како да е рај на земјата...
Oткако ќе ја прочитате оваа приказна сигурни сме дека повеќето од вас ќе се запрашаат, а што со вистинската приказна за најголемото медицинско откритие. Сите сме запознаени со приказната за бактериологот од Лондон кој забележал нешто необично како расте во неисчистен сад и завршил со пронаоѓање на најголемото медицинско откритие на сите времиња. Но, и покрај тоа приказната со благородникот и фармерот има друга вредност и суштина, многу подлабока од самото откритие.