Приказна: Маката на еден менаџер
Еден патник во балон со топол воздух изгубил ориентација. Се спуштил на земјата и кога здогледал некоја жена, веднаш ја прашал: „Извинете, можете ли да ми помогнете? Му ветив на еден пријател дека ќе се најдеме, но сега не знам каде се наоѓам.“
Жената му одговорила:
„Се наоѓате во балон, 49°28 минути и 11 секунди ширина, 8°28 минути и 58 секунди во должина.“
„Вие сигурно сте инженер“ – рекол човекот од балонот.
„Да, како знаевте?“ – се зачудила жената.
- Па, сè што ми кажавте е технички, претпоставувам, коректно, но јас и понатаму не знам каде се наоѓам. Да бидам искрен, не сте ми баш од голема помош.
- Вие мора да сте менаџер. Не знаете каде сте, ниту каде одите. Успеавте да дојдете до висока позиција со помош на „пумпање на воздух.“ Сте му дале ветување на пријателот, кое немате идеја како ќе го изведете, а очекувате од луѓето под вас голема помош. Изгубените сте и сега некако јас излегов крива за тоа!