Никогаш не можеш...
Сигурни сме дека сте ја имале „Мостот на Дрина“ за лектира, па сте успеале да се воодушевите од писателската моќ на г-дин Иво Андриќ.
Еден негов цитат засекогаш ќе ни остане врежана во главите, па затоа сакаме да ја споделиме и со вас, во случај да не сте ја чуле до сега:
„Никогаш не можеш да бидеш толку глуп, колку што јас можам да бидам глув.
Никогаш не можеш да потрошиш толку, колку што јас можам да ти дадам.
Никогаш не можеш да срушиш толку, колку што јас можам да изградам од почеток.
И никогаш, ама баш никогаш, не можеш да бидеш толку злобен, колку што јас можам да бидам добар.“
Посветено до сите оние кои ви мислат лошо во животот. Бидејќи, да, има и такви нелуѓе.