Само уште 5 минути...
Еден ден во паркот на детското игралиште, седела една жена на клупа покрај повозрасен маж. „Она онде е мојот син“, започнала разговор жената покажувајќи на малиот со црвен џемпер кој се спуштал по тобоганот. „Имате прекрасен син“ – одговорил човекот. „А, она онде во белото фустанче на велосипедот е мојата ќерка“.
Погледнал на часовникот па ја повикал ќерка си: „Дали е време да одиме дома Мелиса?“
Девојчето одговорило: „Само уште пет минути тато. Те молам уште само пет минути.“
Таткото кимнал со главата и Мелиса на свое општо задоволство продолжила да вози велосипед.
Проаѓало времето и таткото уште еднаш ја повикал: „Дали сега може да си одиме Мелиса?“
Таа повторно негодувала: „Уште 5 минути тато! Само уште 5 минути!“
Тој се насмевнал и рекол „Во ред!“.
„О боже, вие сте сигурно многу трпелив татко“ – рекла жената која ги гледала неговите реакции.
Човекот се свртел кон неа па и рекол: „Нејзиниот постар брат минатата година возеше велосипед во близина на овој парк. Пијан возач наиде, го удри и му го одзеде животот. Никогаш не поминував многу време со Томи...а, сега би дал се на светот за само 5 минути со него. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со Мелиса.“
„Таа мисли дека има уште 5 минути да вози велосипед, а всушност јас имам 5 минути да ја гледам како си игра.“