Бобан Илиоски за CRNOBELO лексикон: „Би сакал да живеам во времето на гладијаторите“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Сум организирал протест кој заврши со немили настани во 2013 година.
17. Дали некогаш си се степал?
Секогаш кога имам прилика, обожавам да се тепам (ха-ха).
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Не кажувам да не ја искористат против мене.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во времето на гладијаторите.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Кинтон облак или телепорт.
21. Од што се плашиш?
Од лошата страна на Боби.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Немам слушнато за неа ништо многу долг период.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Не одам во кафеани, ама ако би откачил, тоа би било на нешто македонско патриотско.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Опрема за вежбање, храна и третмани за опоравување.
25. Кое е најубавото место на светот?
Тајланд.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Не знам, нема таков.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Се каам ако свесно или несвесно сум повредил или навредил некого.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Што е следно?
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Периодот кога бев во пубертет и имав мозолчиња на лицето.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Бобан: Кој е главниот извор на среќа и задоволство во твојот живот?
CRNOBELO.com: Бидејќи сме лајфстајл магазин, најмногу се радуваме кога ќе заѕвони ѕвончето во канцеларија (не прашувај зошто).
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





