Ева Јовановска за CRNOBELO лексикон: „Непознат дечко ми испрати порака дека сака да ми слугува“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Бев прилично мирно девојче, ретко правев бељи, но имаше еден период кога во основно сакав да ги бркам машките и да ги штипкам, па ми викаа „Ева брка - супа срка“.
Тоа секако не помина незабележано, па на крај добив усна опомена.
17. Дали некогаш си се степала?
Само еднаш, имав околу 12 години, ги фатив за коси комшивките затоа што ми истурија валкана вода на глава...
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Сите мои навики, без оглед дали се добри или лоши, не ми е проблем да бидат забележани од луѓето.
Во секој случај, секогаш работам на тоа да ги минимализирам лошите и да продолжам да растам и да се подобрувам.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Би сакала да одам во иднината, да видам каков ќе биде светот за 100 години од сега.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Имам сè што ми треба, тоа е сосема доволно и многу сум благодарна за сè.
21. Од што се плашиш?
Мојот најголем страв е од смртта, особено смрт на некој близок.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Во прво одделение ми се допаѓаше едно детенце Лука, но не знам сега што прави во животот.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Не одам многу по кафеани, но сигурно би била „Оди ѕвездооо“...
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Air Fryer, тоа е инвестиција која ми го промени животот, го користам секој ден.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома, нема ништо поубаво и поспокојно од дома.
Но освен тоа, дефинитивно Малдиви!
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Не можам да се сетам на конкретен, кога ќе ми текне ќе ви пишам...
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Не се каам за ништо, сметам дека сè во животот се случува со причина.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
По првиот бакнеж воопшто не бев воодушевена, мислев дека моментот ќе биде волшебен, едноставно очекувам многу повеќе...
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Во моето рано детство се срамев да кренам рака кога нешто прашуваше наставничката, дури и ако го знаев одговорот на прашањето...
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Ева: Од која јавна личност сте добиле најчудни\најинтересни одговори на овие прашања?
CRNOBELO.com: Секој соговорник кажал нешто интересно, но јас (Андријана) секогаш се смеам кога ќе ми текне на прашањето што ни го постави Снеже Велков - „Зошто на кесечката од супата за кокошка има петел?“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





