Андријана Илиоска за CRNOBELO лексикон: „Сум живеела во 5 светски метрополи, но само Македонија е дома“

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Бев мирно дете и не правев бељи.

17. Дали некогаш си се степала?

Јас сум била дете коешто ги решава проблемите со разговор, имало ситни караници, но никогаш не прераснало во некоја сериозна тепачка.

18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?

Па сметам дека немам навика којашто ја кријам од кој било.

Јас сум таа што сум, се трудам да бидам подобра верзија од себе секојдневно, така што сметам дека немам лоши навики.

andrijana-ilioska-za-crnobelo-leksikon-sum-zhiveela-vo-5-svetski-metropoli-no-samo-makedonija-e-doma-12.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Би сакала да се вратам во детството, каде што безгрижно играв игри со моите другарки по цели денови.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Сметам дека сум човек што е бескрајно благодарен за сè во животот, дури и за работите кои што ги немам, а ги сакам.

Дури верувам дека има работи коишто ние толку многу ги сакаме, но сепак најдобро за нас е да не ги поседуваме или, пак, да поседуваме нешто уште подобро од тоа што ние го сакаме.

Сметам дека Господ ти ги дава тие работи кога ќе е сигурен дека си спремен за нив. Така што секојдневно се трудам и работам на тоа да ги добијам, а оставам на Бога да одлучи кога сум спремна да ги поседувам.

21. Од што се плашиш?

Нема многу работи од кои се плашам, но најголемиот страв секогаш ќе биде загуба на некој близок.

andrijana-ilioska-za-crnobelo-leksikon-sum-zhiveela-vo-5-svetski-metropoli-no-samo-makedonija-e-doma-07.jpg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Искрено, не се сеќавам на мојата прва симпатија.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Јас по природа сум весел човек, но не сум човек кој обожава кафеани.

Секогаш кога одам, тоа е со некаква причина за прославување и секогаш најмногу се радувам на вкусната храна.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Сметам дека најдобро потрошени пари во животот се оние што еден човек ги инвестира во себе, во тоа да биде подобра верзија од себе, да научи нешто повеќе, да искуси нови работи, да посети нови места во светот и да проба нова храна.

Истовремено, мене лично добро потрошени пари ми се и пари ќе ги потрошам за да усреќам некој друг, семејството или пријателите.

andrijana-ilioska-za-crnobelo-leksikon-sum-zhiveela-vo-5-svetski-metropoli-no-samo-makedonija-e-doma-19.jpg

25. Кое е најубавото место на светот?

Како човек кој константно патува, имам потешкотии да го одговорам ова прашање.

Сум живеела во 5 различни градови во светот - Истанбул, Дубаи, Милано, Атина и Гуанџоу - и секој од нив ми оставил посебен впечаток.

Секое место си има свои предности и убавини, но сметам дека без разлика каде и да одиш само едно место може да биде дома, а тоа за мене е нашата прекрасна држава Македонија.

26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?

Секој комплимент, па и критика, за мене се добредојдени, но јас искрено не обрнувам внимание на тоа кој што ќе каже.

Најбитно е тоа кои сме ние кога ќе застанеме пред огледало. Туѓите критики или комплименти се ирелевантни.

27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...

Гордо можам да кажам дека не се каам за ништо што сум го направила во текот на животот и кариерата.

Верувам дека сè се случува со причина, и сите мои одлуки ме изградиле во личноста којашто сум денеска.

andrijana-ilioska-za-crnobelo-leksikon-sum-zhiveela-vo-5-svetski-metropoli-no-samo-makedonija-e-doma-10.jpg

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?

Воопшто не се ни сеќавам на мојот прв бакнеж.

29. Од што се срамеше најмногу во детството?

На мое огромно задоволство, бев девојче кое беше полно со самодоверба, тоа сигурно се должело на мојот однос со моите родители и брат ми, кои секогаш ме поддржувале и го вреднувале моето мислење уште од најрана возраст.

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Андријана: Хмм, моето прашање кон сопственикот на овој лексикон е, доколку CRNOBELO не беше CRNOBELO, кои бои ќе ги одбереше?

CRNOBELO.com: Никогаш не постоел план Б (дури ни за боите).

andrijana-ilioska-za-crnobelo-leksikon-sum-zhiveela-vo-5-svetski-metropoli-no-samo-makedonija-e-doma-18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg