Андријана Илиоска за CRNOBELO лексикон: „Сум живеела во 5 светски метрополи, но само Македонија е дома“
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
„По природа сум весел човек, но не обожавам кафеани. Секогаш кога одам, тоа е со некаква причина за прослава и секогаш најмногу се радувам на вкусната храна“ - напиша моделот Андријана Илиоска во нашиот лексикон.
Андријана Илиоска важи за една од најубавите Македонски манекенки.
Дополнителна потврда за ова е и тоа што Андријана гради светска кариера и постојано е ангажирана во странство, но повремено работи и на македонскиот моден пазар.
Андријана, која сестра на светскиот и европски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски, вели дека токми брат ѝ ѝ е омилениот спортист, па понекогаш го следи и на неговите натпревари во регионот.
Како секој типичен Бик во хороскоп, во кафеана повеќе се радува на храната, отколку на музиката.
За пријателите кои ги има од дете, зошто би сакала да е Нала од Lion King ако треба да биде лик од цртаните филмови, но и за своите омилени нешта, Андријана се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Се викам Андријана, а луѓето кои што ми се блиски ме викаат Ане.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 24 години, родена сум на 18.05.2000 година и во хороскоп сум Бик.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Немам омилени пејач и пејачка, а омилена песна во моментов ми е Runaway од Aurora.
4. А омилена книга?
Моја омилена книга е „Моќта на потсвеста“.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилен глумец ми е Лијам Нисон, омилена глумица ми е Анџелина Џоли, омилен филм ми е Taken, а омилена серија во моментов ми е Squid Game.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Ги поддржувам сите спортови, но немам омилен клуб и спорт. Мојот омилен спортист е мојот брат Бобан, и навивам за него.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам милениче, куче, од расата доберман, и неговото име е Пако.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Искрено, во моментов не ми текнува за чудни пораки, но има многу пораки од луѓе кои што ме поддржуваат, а не ги ни познавам, затоа сум многу благодарна.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Уште од најрана возраст, мојата омилена професија беше моделингот, така што уште од малечка сакав да бидам манекенка.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Омилен пијалак ми е вода, не пијам алкохол, кафе и сокови.
А омилено јадење ми е суши.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Јас сум многу комуникативна и друштвена личност, но сметам дека најдобрите другари се токму оние што се стекнати во детството и кои биле дел од секој момент во мојот живот досега.
Таквите се бројат на една рака, но јас секогаш преферирам квалитет наспроти квантитет.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик, го сакав школото и уживав во средношколските денови.
Омилен предмет ми беше Претприемништво и бизнис и Право.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Моите идоли се моите родители.
Бидејќи се луѓето кои целиот мој живот ми пружаат безусловна поддршка, луѓето кои се труделе да имам добро детство и добра иднина, луѓето кои правеле сè за да бидам ова што сум, а мојата мисија е секојдневно да ги правам горди и среќни.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Доколку би можела да бидам лик од цртаните, би сакала да бидам Нала од Lion King, заради тоа што е нежна, а сепак храбра и борбена, ги следи своите соништа, самостојна и безрезервно верна и лојална.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Моја омилена детска игра беше „Граница“. Игра каде што се делевме во две групи и едната група бараше, а другата група се криеше со крајна цел да ја поминат границата без да бидат фатени.