Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“
- Детали
- петок, 13 декември 2024
„Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“ - Лара Иванова се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.
Кога ќе се спомне песната „Бела“, првата асоцијација се Лара и Пајак, кои пред 2 години го испеаја големиот макфестовски хит.
Но, 20-годишната Лара зад себе има и многу музички хитови, но и успешна балетска кариера.
Таа се потпиша во нашиот лексикон, па ни го откри својот најголем страв, кое место во светот ѝ е најубаво, кој ѝ е идол во животот, а да не е славна личност.
Прочитајте што ни напиша Лара:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Се викам Лара, немам прекар.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 20 години (14.05.2004), во хороскоп сум Бик.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Имам многу омилени песни, но би ја издвоила I Wanna Be Yours од Arctic Monkeys, а како пејачка заради нејзините вокални способности би ја издвоила Аријана Гранде.
4. А омилена книга?
The Whisperer од Донато Кариси.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилен филм ми е The Lord of the Rings, а серија Game of Thrones.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт ми е ракомет, а навивам за Вардар.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам две мачки, се викаат Мици и Мони.
8. Кој ти е среќен број?
Никогаш не сум имала среќен број, но ги сакам броевите 8, 6 и 4.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Отсекогаш сакав да сум пејачка.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Цеден портокал и пилешко во кари сос.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Тамара, Миа и Сташа ми се најдобри другарки со кои што се дружам уште од основно училиште.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик. Прилично бев мирна и сакав да си ги исполнувам задачите максимално, а омилени предмети ми беа музичко и македонски јазик.