Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Снупи.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Најголема пасија остана велосипедот, но давав срце за жмурка, џамлии, јанино.

16.Најголема беља што си ја направил во детството?

Со другарчињата сакавме да влегуваме во туѓи дворови за да „крадеме“ од овошките, а имавме навика еден период во детството да им ѕвониме на соседите на врата и да избегаме, да се скриеме да ја набљудуваме нивната реакција.

Но, не бев проблематичен никојпат.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-11.jpg

17. Дали некогаш си се степал?

Речиси и да не сеќавам на некакви инциденти.

Сакам добродетелство, алтруизам, љубов, добрина, приврзаник сум на пацифизмот.

Во мојот свет не постои простор за насилство и одмазда.

18. Што правиш во слободно време?

Возам велосипед, готвам, патувам, планинарам, посетувам концерти, опсервирам и дегустирам уметности, дружам, сакам друштвени игри...

Се конектирам, споделувам емоција со сè наоколу.

Верувам и се потпирам на еден од најстарите системи на вредности - анимизам.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Веројатно би ги посетил сите епохи по малку за да ги дегустирам во оваа форма, свесно со сите диверзитети.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-10_copy.jpg

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Среќен сум и исполнет со сѐ околу, доволно ми е.

21. Од што се плашиш?

Целосно сум му препуштен на мигот. Така не сум си нималку товар на себе... Немам стравови.

22. Која ти беше првa симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Марина и во моментов не би знаел каде е, но верувам дека е среќна, спокојна... Инаку, ги сакав Кијану Ривс и Сандра Булок, тоа помнам.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-06.jpg

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Секојпат ми будат најубави емоции „Никој ме нема така љубено“ - Кате и Нели ти реков, „Моја серенада“ - Гоце Николовски и „Стариот џумбушлија“ - Ана Бекута.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

На сите сос-линии за помош, на подароците и помошта на мои најблиски, на патувањата и авантурите.

25. Кое е најубавото место на светот?

Ги сакам и ги меморирам длабоко сите мигови и локации кои ги посетувам, со надеж и во иднина да патувам.

Но, веројатно прибежиштето, домот на моите родители, кога сме сите на едно место токму таму и во ист број - тоа е вистинското жариште, срцевината, љубовта.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-14.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Марко: Што е најважното нешто во животот и зошто?

CRNOBELO.com: Хм... најверојатно е најважно да ги правиш работите што те прават среќен, да сакаш и да бидеш сакан/а, да им се радуваш на големите работи, но да наоѓаш задоволство и во ситниците... А зошто е тоа така, ќе си помуабетиме во живо, зашто и ова е една од оние теми кои ќе „зафатат многу страници“.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-koga-kje-porasnam-22.jpg.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg