Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“

„Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален златен ретривер Оби и мојот џинџер мачор Манки. Можеби во иднина ќе ја надополнам загубата, само да соберам храброст“ - водителот Марко Марк се потпиша во нашиот лексикон.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-03.jpg

Водителот Марко Марк долги години е во медиумите - некои го знаат како телевизиско лице, други го препознаваат како глас од македонските радија.

Иако медиумите му се прва љубов, Марко вели дека кога не би бил новинар, би бил пилот или би работел во авијацијата.

Во лексиконот на CRNOBELO.com тој ни откри дека Марк е презимето што го наследил од неговиот дедо, а не кратенка од неговото име, како што мислат многумина.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-18.jpg

За бељите што ги правел како дете, зошто не може да избере една омилена книга (и ни наброја 20-тина), но и кои му се омилените детски игри - Марко се потпиша во нашиот лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Марко Марк. Иако за многумина, и по толку години, моето презиме Марк е сè уште небулоза (а многумина го користат кога ми се обраќаат) никојпат не ми е здодевно да ја споделам приказната дека тоа е најубавото наследство од мојот дедо.

За најблиските, пријателите, но и за многумина кои првпат ги запознавам и денес сум Марче, а би ги додал и Марец, Маркони.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

37 години полни, наскоро 38. Роден сум на 24.10.1986.

Хороскопот ми е комбинација од Скорпија, во подзнак сум Вага и месечина во Рак.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-09.jpg

3. Кои ти се омилени песна, пејач и пејачка?

За оваа уметност и категорија секојпат имам потешкотии да изберам конкретни артисти, синглови и слично.

Но, ќе се потрудам: Nouvelle Vague, Enigma, Енја, Secret Garden, Cigarettes After Sex, Мет Симонс, Ера, London Grammar, Shura, Haim, Лорди, Кимбра, Glass Animals, Pet Shop Boys, Ени Ленокс/Eurythmics, Simply Red, Шер, Мајкл Џексон, Џорџ Мајкл, Селин Дион, Bon Jovi, Roxette, Abba... Листата е огромна.

4. А омилена книга?

Повторно ми претставува мака да издвојам една, но во моментов сѐ што ми доаѓа на мисла набројувам: „Нова Земја“ и „Моќта на сегашниот миг“ од Екарт Тол, од Мајк Викинг „Мала книга за лике“, „Мала книга за хиге“, „Садгуру - внатрешен инженеринг“ и „Карма“, од Ахмет Унит - „Дервишката порта“, Ирвин Д. Џаром и неговите „Кога Ниче плачеше“ и „Лекување со Шопенхауер“, од Анотнио Итурбе „Библиотекарката од Аушвиц“.

Потоа, речиси сите книги од францускиот автор Гијом Мисо, бројни четива од шведскиот автор Фредрик Бакман од кои би ги издвоил „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“, „Брит Мари беше тука“, „Човекот по име Уве“, потоа речиси сите книги на одличниот норвешки автор Ју Несбо, Сали Руни со нејзините: „Прекрасен свету каде си“, „Нормални луѓе“, „Разговори со пријатели“, од Харуки Мураками „Убиството на командантот“.

И легендарните романи на Џорџ Орвел: „1984“ и „Животинска фарма“, како и „Добра и лоша“ на Алиса Фини, но и многу други.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-07.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

И оваа листа не би имала крај, синефил сум огромен, па би било неблагодарно и себично да ви ги окупирам „страниците“ до недоглед.

Верувајте ми не би сакал, така што останувам отворен за секој кој ќе посака да отвори тема за седмата уметност за да дискутираме, да раскажуваме со часови и часови.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Водени спортови, пливање, скок во вода, кајак, некојпат тенис, а со душа ја чекам секоја Олимпијада.

Ја сакам колективата среќа и возбуда за нашата репрезентација во бројни спортови.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-12.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

За жал, се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален златен ретривер Оби и мојот џинџер мачор Манки.

Имам надеж, дека можеби, некојпат во иднина ќе ја надополнам загубата и тежината, само кога би собрал повторно храброст...

Но, компензирам, па засега спасувам, им помагам и се обидувам да им бидам личен пријател на бездомните крзнени другари на нашите улици.

Тоа е приказна која би сакал да има крај и Скопје да биде град без „залутани души“.

8. Кој ти е среќен број?

Број 7, но 54 ме гони многупати, па и тој се додаде на низата среќни броеви.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-13.jpg

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Професор по англиски, туристички водич, да бидам пилот или дел од авијацијата, новинарството отсекогаш беше во игра бидејќи од мал го сакав медиумот - радиото особено.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Сите цедени цитруси, сакам рецепти од мешунскасти плодови, микс од свежи салати, медитеранска храна, тестенини...

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Се обидувам да сум во вистинска, чесна и свесна релација со секој го запознавам.

Но ги има оние кои ми се стожери на животот: Блас, Тале, Сања, Биле, Ива, Лили, Елена, Андријана, Марина, Даниел, Бобо, Еленка, Тино.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-15.jpg

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одржував некој еквилибриум - имаше денови на спокој и денови на темпераментност и смеа...

А ги сакав географијата и ликовно.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Моите најсакани, сите комплетно. Но и секој еден кој го запознавам во личната животна приказна, кој носи своја маркатна планина со себе, ми претставува некаков симбол кој стимулира и поттикнува поубави промени, барем се надевам дека е така.

marko-mark-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-bidam-pilot-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg