Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Тони Костадиновски.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Џери.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Жмурка, секако, готвачки, а и „Евровизија“ игравме, тоа исто беше многу смешно.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus06.jpg

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Правев некој експеримент по хемија со памукчиња или, да бидам поконкретна, ги потопував во разни видови течност, ги палев и ги фрлав од прозор после #тиквазелена.

Па со другарка ми Марија трчавме со кофи со песок да го изгасиме огнот под мојот прозор за да не ја зафати цела зграда.

17. Дали некогаш си се степала?

Еднаш, со едно дете од основно што ги закачаше сите.

И ме изнервира еднаш многу зашто му се занесуваше на друго невино дете пред мене, па тргнав во одбрана.

18. Што правиш во слободно време?

Слободно време немам. Си ја пополнувам секоја дупка во распоредот свесно, однапред секогаш, не знам да живеам без план, никогаш и не сум знаела.

Среќа, до уши сум заљубена во она што го правам, па воопшто не ми претставува проблем. Напротив, музиката е благослов и задоволство.

Околу 3 пати во годината имаме планирано време за престанок со она што го работиме и посветување на семејството и тие трипати најчесто се море, снег и „есеновање“ на планина.

Сакам да пливам, бордам, шетам, истражувам, да одам на концерти...

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus11.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Романтизам, импресионизам...

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Поздрав врат и плус 6 часа во денот.

21. Од што се плашиш?

Од болест и лоша среќа да не го нападнат моето семејство.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus02.jpg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Иван Џингов, братот на Марија другарка ми. Во Гевгелија живее, протетичар, среќно оженет, со две дечиња.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Who’s Тhat Girl.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Курс за личен развој (себеосознавање, себесмирение, подобро разбирање на себе и сите луѓе) кај Војдан Чадо во 2020 година. Во моментов одам пак за втора стаза, „левел ап“ сум, ха, ха.

25. Кое е најубавото место на светот?

За мене, кај нас во двор.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus09.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Сара: Дали стварно веруваш во среќен број?

CRNOBELO.com: О, да! И во детелина со 4 листа.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg