Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат топката“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Татко ми.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Бетмен.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Фудбал, ракомет, кошарка со другарите.
16. Која е најголемата беља што си ја направил во детството?
Им ја извадив целата врата на едни комшии бидејќи не ми ја вратија топката што падна во нивниот двор.
17. Дали некогаш си се степал?
Да, многу често во детството.
18. Што правиш во слободно време?
Го поминувам со Ивана и Ниа.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во времето на римското царство.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Фала му на Бога имам сè, а тоа е моетo семејство.
21. Од што се плашиш?
Од Господ Бог.
22. Која ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Се викаше Ивана и немам појма што прави.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На сите, но сè зависи од друштвото со кое сум седнат.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На мојата опрема за настап.
25. Кое е најубавото место на светот?
Рим.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Иван: Зошто не снимате видео со истите прашања?
CRNOBELO.com: Лексиконите се од времето на ’90-тите, тогаш немаше видеа.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело