„Мора да јадеш леб“ и уште 6 (застарени) навики со кои родителите нѐ излудуваат
Ако си постар – тогаш треба да ги советуваш помладите
Денес на младите им е јасно дека е најдобро секој да си ја гледа својата работа и дека нема потреба да им делите непотребни совети на луѓето.
Но, повозрасните секогаш се тука за да ви раскажат како било во нивно време, со какви проблеми се соочиле и како се справиле.
Сѐ уште има повозрасни жени што се тука да ве советуваат дека треба да си ја покриете половината за да не настинете (иако воопшто не ги познавате), или да ве научат како треба да се грижите за сопственото дете итн.
Не ги тепате децата – затоа ви се разлигавени
Оваа реченица ја повторуваат речиси сите повозрасни луѓе, за кои ќотекот бил нешто најнормално, а често може да се најдат и на социјалните мрежи, кога некој родител ќе побара совет за своето дете, па ќе ви кажат:
„Море, ќотекот од рајот бил излезен! И ние бевме тепани, па што ни фали денес?“
Ако можеш нешто да поправиш сам, не викај мајстор
Во ред е сам да поправиш некој дел од мебелот, да смениш сијалица или да се погрижиш за некоја ситница во домот...
Но, не е во ред да го ризикуваш сопствениот живот, затоа што немаш поим од електрика или да предизвикаш пожар во домот...
Кај повозрасните сѐ уште постои навиката сами да поправаат сѐ во домот, за да заштедат пари, па потоа да предизвикаат поголема штета.
Б. С. Б. | Црнобело