Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува односот со партнерот“
13. Кој ти е идол, а да не е позната личност?
Идоли ми се моите родители, иако двајцата биле карактерно различни, сепак биле исти во вредностите кои ги имале.
Да се биде толку добар, чесен, пожртвуван, посветен, работлив, грижлив и нежен кон своите деца, но и кон сите други, е нешто што денес е вид во изумирање.
Нивната љубов, почит и разбирање ми се репер за како треба човек да ги одржува односите со партнерот, но и со сите други.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Покахонтас ми беше омилена во детството. Само затоа што беше преубав лик и беше дел од интересна приказна.
А од оваа перспектива, карактерно како лик би сакала да сум Робин Худ, да земам од богатите за да давам на сиромасите.
Особено што секојдневно сме сведоци на хуманитарни акции за кои многу тешко се собираат пари, а ние музичарите сме немоќни лично финансиски да помогнеме на сите.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Јамб, играње со Барбики, цртање книжни кукли и фудбал.
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Нема никогаш да заборавам една беља од детството. Кога бев многу мала со децата од маало се криевме во влезот на зградата и го плашевме секој што ќе помине.
Но, еден сосед го преплашивме и одеднаш тргна да нè брка, а за жал ме фати само мене.
Ме стисна до ѕидот со некоја кутија што ја држеше во рака и ме преплаши и многу ми се дереше.
17. Дали некогаш си се степала?
Двапати и тоа кога бев во основно училиште. И двата пати на „Детската улица“ во Ново Лисиче, на враќање од училиште.
Без повод или причина бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на крај ме молеа да престанам.
Кога добар човек ќе го предизвикаш, најчесто гневот е огромен и тепањето е појако од очекуваното.
После некое време и двете девојчиња сакаа да ми бидат другарки.
18. Што правиш во слободно време?
Буквално одмарам. Од сè, од сите, од животот. А и многу сакам да поминувам време во креативна самотија, да цртам, да пишувам текстови за песни, да читам некоја добра книга.
Често се изморувам од луѓето и имам потреба да се изолирам и дистанцирам.
Се случува и долго да пешачам, така се релаксирам.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Ах, во детството. Кога бев безгрижна.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Немам време, секогаш ми недостасува време за да реализирам сè што сум замислила.
21. Од што се плашиш?
Од ништо, не се плашам од ништо, затоа што ако се плашам од било што, така го навредувам Господ. Верувам во Бог и оставам сè да биде по неговиот план.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Прв симпатија ми беше Аце од маало. За жал, неодамна ме погоди веста дека починал.
Премногу е тешко кога добар човек ќе го напушти светов, особено тоа дека беше премлад.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Немам таква песна, сите македонски песни со мерак ги слушам кога сум во кафеана.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Ах, на патувања. Тоа се дефинитивно најдобро потрошени пари. Сите места што сум ги посетила во животот ме збогатија како личност, а за мене се најдобрата инвестиција.
Попрво би резервирала карта и сместување во Италија, Монако или Мајами, отколку да купам некое скапо парче гардероба.
Секако дека ми е убаво кога ќе си купам нешто ново, меѓутоа не се споредува чувството кога се патува по светот.
25. Кое е најубавото место на светот?
Има многу убави места во светот, не би можела да се одлучам за едно.
Ама ако веќе морам, го одбирам Мајами како едно од местата што ми се останати во срцето и каде сум била неколку пати. А после Мајами, ми е омилен Монако.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Елена: Да можете да бирате каде би сакале да живеете во животот?
CRNOBELO.com: На место каде што температурата е секогаш околу 25 степени, а животот е безгрижен.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело