Моника Црнокрак за CRNOBELO лексикон: „Спијам со чорапи дури и во лето“
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Би се вратила во годините од средно, со паметот од денес.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Време, повеќе од 24 часа во денот и дефинитивно брз метаболизам да јадам што сакам и колку сакам.
21. Од што се плашиш?
Бубашваби и roller coaster со слободен пад.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Првиот симпатија ми беше во градинка и ни беше заеднички на сите девојчиња.
23. На која песна откачуваш во кафана?
Кога ќе ги слушнете стиховите „A ja čaše bacam po kafani...“ сигурно и вие откачувате, ха, ха. Битно е да сум во добро друштво и убава атмосфера.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Не жалам пари за ништо, па сметам дека сè што сум си купила си има своја причина. Обожавам да изненадам некого со поклон, па нека биде тоа.
25. Кое е најубавото место на светот?
Лапонија кај Дедо Мраз, санки и волци, бели ноќи и поларна светлина и мноогу снег, иако сум најзимурливиот човек и спијам со чорапи, понекогаш дури и во лето.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон, а ние ќе ти одговориме?
Моника: Зошто црнобело, а не жолтозелено?
CRNOBELO.com: Затоа што Црнокрак, а не Жолтокрак (хаха)...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело