Моника Црнокрак за CRNOBELO лексикон: „Спијам со чорапи дури и во лето“
- Детали
- петок, 05 април 2024
„Еднаш им го сокрив клучот од колата на моите родители под душеците од троседот и не им кажував 3 дена, само им се смешкав од страна“ - Моника Црнокрак се потпиша во нашиот лексикон.
Манекенката и ТВ водителка Моника Црнокрак, ќерка на Светлана и Мики, за себе вели дека не била бесно дете - никогаш не се степала, но знаела да ги скубне за коса тие што ја нервираат.
Таа се потпиша во CRNOBELO лексиконот и ни откри интересни работи за себе:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Моника. Прекари ми се Мони и Монс.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 25 години, родена сум на 13.12.1998 година и во хороскоп сум Стрелец.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Freed from desire - GALA, омилен пејач засекогаш Тоше.
4. А омилена книга?
„Полиња со диви нарциси“, Винка Саздова.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилен филм - Focus, омилени серии - Blindspot, Grey’s Anatomy, Young Sheldon.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Дефинитивно и засекогаш скијање. Инаку, долго време играв одбојка, а навивам за Новак Ѓоковиќ.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам куче бишон, Даша.
8. Кој ти е среќен број?
27.
9. Кој ти е омилен виц?
Си биле два лимона, едниот го згазила кола, другиот се исцедил од смеење.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Кока кола (исклучиво зеро) и узо, бургер и некоја добра паста.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
На прво место секогаш мајка! Мила, Елена и Тијана ми се најблиските другарки, од средно.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Секогаш завршував одлична, а омилен предмет, верувале или не - математика.
13. Кој ти е идол, а да не е позната личност?
Ќе кажев мајка ми ама... сепак, мајка ми.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Ѕвончица (Tinker Bell).
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Ластик и народна.
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Им го сокрив клучот од колата на моите под душеците од троседот и не им кажував 3 дена. Им се смешкав само мудро од страна.
17. Дали некогаш си се степала?
Не сум се степала никогаш, ама сум знаела да затегнам за коса по малце.
18. Што правиш во слободно време?
Играм јамб со другарките.