Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Уште и тој не знае, така штооо…
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Секој ден дома сум Џери, нема потреба да замислуваме.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Џамија, ластик, не лути се човеку, шах, карти…
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Уф, стварно не можам да се сетам, да ја прашаме мајка Наташа?
17. Дали некогаш си се степала?
Не.
18. Што правиш во слободно време?
Се галам со Симба, одам на латино, слушам музика, пишувам…
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Супер ми е во ова доба, иако порано велев поинаку.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Сопствен дом. Ама не се брзам никаде.
21. Од што се плашиш?
Од загуба на блиски луѓе… Многу!
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
О, да! Мојот прв симпатија е многу успешен, живее и работи во Америка. Денеска сме многу добри другари и среќна сум за сѐ што му се случува!
23. На која песна откачуваш во кафана?
„Noc mi te duguje“, „Da si tu“, и „Ne pitaj“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобра инвестиција во животот.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома…
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон, а ние ќе ти одговориме.
Цеце: Од каде црпите инспирација за толку креативни содржини? Браво дечки!
CRNOBELO.com: Од тебе, од твоите пријатели, од нашите читатели, од обичен муабет во редакција, од песна слушната на радио, буквално од сè. P.S. Благодариме!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело