Публиката ја мразеше, но „Касандра“ ѝ донесе голема популарност - Како изгледа денес злобната слугинка Росаура?
Лоли Санчез, актерката која го глумеше ликот на слугинката Росаура во една од најпопуларните теленовели на сите времиња, „Касандра“, денес изгледа непрепознатливо. Таа зад себе има богата актерска кариера, но токму овој лик ја одбележа нејзината кариера.
Кришум или не, ретко кој кон крајот на 1990-тите години не ја гледаше серијата „Касандра“. Без сомнение ова беше најпопуларната теленовела кај нас.
Љубовните сплетки и интриги помеѓу Касандра, Луи Давид и Ранду ги следеа гледачите ширум светот. Некои „за да одморат мозок“, а некои бидејќи вистински уживаа во серијата.
Серијата имаше 150 епизоди и постигна огромен успех низ целиот свет, но најмногу на Балканот.
Огромна радост за публиката беше и кога едни главите јунаци Касандра (Кораима Торес) и Ранду (Хенри Сото) дојдоа во посета на Македонија.
Серијата „Касандра“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ-серија снимена на шпански јазик, која се емитувала во дури 128 држави ширум светот.
Во оваа ТВ-новела главниот лик го играше актерката Корaима Торес - таа ја глумеше Касандра, Ромка која се мажи за Игнасио, без да знае дека е внука и единствена наследничка на домаќинот во куќата на нејзиниот сопруг.
Но, впечатлива улога имаше и слугинката Росаура Осаиро.
Улогата на Росаура ја толкуваше актерката Марија Долорес Санчез Галего, попозната како Лоли Санчез.
Која е Лоли Санчез?
Родена е во 1955 година во Кордоба, Шпанија.
Својата актерска кариера ја започнала пред речиси четири и пол децении, во Венецуела.
На театарската сцена дебатирала во 1977 година.
Иако зад има богата кариера, сепак Касандра ѝ донела најголема слава.