„Ах, ми недостигаат времињата кога игравме штркот бара боја, грабни стапче и скокавме на јаже“

Имавме и групи на другари, секогаш подготвени за игри без крај, за роденденски забави, за возење со велосипеди, за криенка со часови и секако, за „војни“ со други маала.

Тие другарства не се забораваат, тие спомени се вечни. Некои, како јас, ја имаа таа среќа, тие другарства да им траат цел живот, некои ги уништија далечината, кариерата, па дури љубовните врски, за жал, некогаш беа причина за крај на долгогодишни другарства и пријателства.

Од улиците другарството се пресели на интернет

И како што некогаш улиците и парковите беа полни со детска врева, дека се полни виртуелните соби за игри и социјалните мрежи. Ако порано децата се натпреваруваа кој ќе направи поубава торта од кал или поголема кула од коцки, денес се натпреваруваат кој има повеќе лајкови на Фејсбук и следбеници на ТикТок.

nekogash-na-ulicite-imashe-detska-vreva-i-pravevme-torti-od-kal-a-denes-ima-samo-natprevar-za-sledbenici-na-tiktok-03.jpg

Секако дека и денес постојат другарства, но, барем според мене, ја изгубија таа невиност и искреност, на која јас се сеќавам како дете.

Другарството драстично се промени со појавата на интернетот и социјалните мрежи кои со брзина на светлината нè освоија и нè направија робови на виртуелниот свет. Заслепени од виртуелната популарност, од потребата да се има многу пријатели и лајкови и коментари, нашите животот се преселија на социјалните мрежи.

Денешните деца растат со мобилни телефони и таблети, уште пред да тргнат на училиште знаат да пишуваат, да користат интернет, да објавуваат фотографии. Па, така, и детскиот живот се пресели на интернет.

Децата сè повеќе се пред екраните и другаруваат со виртуелните пријатели, праќаат пораки и играат игри, со часови, без да излезат од своите соби. Другарувањето се сведе на популарност на социјалните мрежи, другарите се бираат според статус, кој има подобар телефон, поубава облека, а одењето дома кај другарчето само со посебна покана и според добронаправен план.

Се изгуби таа спонтаност и таа непрекината детска игра. Денес е ретко да се види искрено и невино другарство, па сè почесто родителите избираат со кого нивните деца ќе другаруваат, дали се соседи или нивни колеги и пријатели.

Интернетот е нож со две сечила, па како што ги зближува децата во виртуелниот свет, така ги отуѓува во реалниот.

nekogash-na-ulicite-imashe-detska-vreva-i-pravevme-torti-od-kal-a-denes-ima-samo-natprevar-za-sledbenici-na-tiktok-01.jpg

Далечината и временските зони го изгубија своето некогашно значење, но затоа криенките, брканиците, скокањето на јаже, народна, штркот бара боја, ќе останат само еден сладок спомен од детството на некогашните генерации.

Онлајн другарствата се површни и повремени, без вистинска врска или смисла на длабочина и другарска лојалност. Лесно и брзо се собираат пријатели и следбеници на социјалните мрежи, но без вистинска интеракција и вредност. Децата креираат илузии за совршени животи презентирани на социјалните мрежи, а сето тоа негативно се одразува на нивниот живот во реалноста меѓу врсниците.

Старите често велат, на децата им требаат деца, им треба игра, им треба несебично другарување, дури и наивни кавги, така децата учат да се социјализираат, да бидат емпатични, да делат и да помагаат, да се радуваат на туѓите успеси, да победуваат и да губат во игрите, но пред сè, градат врски и другарства кои можат да траат цел живот, а тоа е нешто бесценето.

Колку и да се има пријатели на Фејсбук, детските тајни се споделуваат со шепкање на увце, а во пораки и коментари.

Па, дури и Аристотел рекол „Никој не може да живее без пријатели, дури и ако ги поседува сите добра на светот.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg