20 работи кои ги научив како борец кој отворено зборува за сексуалното злоставување во детството

11. Научив дека е во ред да се побара помош

Не само што е во ред, туку мора. Тој трнлив и тежок пат не може да се изоди сам.

Ние не сме створени да бидеме сами. Ние сме створени да имаме луѓе покрај себе. Дали тоа би било пријател, психолог, или кој и да било друг, важно е да се побара помош.

Со помош на мојата мајка, моите најблиски пријатели, и психологот, јас не само што сфатив многу нешта кои биле резултат на сексуалното злоставување, но успеав и да се излечам од дел од нив.

Нашите блиски, и оние кои сакаат да ни помогнат, се нашиот најголем адут против злобниот и ладен свет.

12. Научив како да си го вратам детството

Една од нештата кои научив како да ги правам е да си го вратам детството.

Поради сексуалното злоставување, (а воедно и поради злоставувањето од страна на негувателките од градинка поради кои го изгубив гласот и добив говорна мана, физичкото и менталното злоставување од страна на мојот татко алкохоличар, физичкото и менталното злоставување од родителите на татко ми и булингот во средно) научив како да се вратам назад и да му ги дадам на малиот Кирил сите оние нешта кои ги немал.

Сигурност, среќа, прегратка, мир. Му ветив на тој мал Кирил дека сега јас сум тука и дека ќе го штитам секогаш.

Со таа сигурност, јас научив како да си го вратам детството. Научив како да ја осветлам сета таа темнина во тие години, за покрај сите неубави работи, да има и убави сеќавања.

13. Научив како да не ги правам оние нешта кои ми беа навика и / или последица од сексуалното злоставување

Тие нешта се многу на број.

Едно од нив го споменав погоре, а тоа беше нездравиот однос со храната. Научив како да имам здрав однос со секој оброк, како убаво да тренирам, да се грижам за себеси. И физички и психички.

Научив да се оттргнувам од задоволување на сечии потреби, а себеси да се занемарам и да се ставам на последно место.

14. Ја сфатив силата на мојата мајка

Откако си признав себеси и го прифатив фактот дека бев сексуално злоставуван како дете, најтешко ми беше да ѝ се отворам на мајка ми.

Многу бев загрижен за нејзиното здравје, и како тоа ќе го прифати. Одолговлекував со месеци, и секогаш велев: утре ќе ѝ кажам“.

Но, спонтано се случи да ѝ објаснам, полека и претпазливо. И тогаш ја видов нејзината сила, која мене само ме потхрани да бидам уште посилен и поиздржлив.

Иако со болка го прифати сето тоа, како и секоја мајка што би прифатила, ми кажа зборови кои беа уверување кое ми требаше во тој момент.

15. Сфатив дека најтешко е да се прости

Најтешко е, но мора. Јас бев во добра позиција, затоа што додека бев на поклоничкото патување во Ерусалим јас си ја прифатив и признав таа темна страна на моето детство, тој кошмар; и во рок до неколку денови решив да му простам на злоставувачот.

Која би била поентата да не простам во градот на простувањето? Како би продолжил понатаму? Не би сакал да се трујам со отровот на непростувањето и гневот.

Со тоа само би се уништил уште повеќе.

Но, простувањето треба да дојде кај жртвата тогаш кога е најподготвена. Не може ништо да се присили, не може ништо да се испланира.

20-raboti-koi-gi-nauchiv-kako-borec-iscelen-od-seksualnoto-zlostavuvanje-vo-detstvoto-04.jpg

16. Научив како да се ослободам

Преку тоа ослободување не се ослободив само себеси.

Туку ги ослободив и сите темнини од минатото.

Сега се сеќавам само на убавите моменти од моето детство. На одредени песни, моменти, годишни времиња, смеи, радости. 

Научив како да се ослободам не поради себеси, туку поради и сите останати. Сите ја заслужуваат најдобрата моја верзија; сите мои најблиски. 

17. Сфатив дека покрај сѐ, убавините на животот се во малите нешта

Покрај сите трауми кои сите ние ги имаме (бидејќи сме генерации на трауми), мораме да погледнеме во малите нешта.

Мирна прошетка во природа, скромен ручек, смеа со најблиските, убава музика, книга, филм...

Тие мали работи нас нѐ лекуваат најбрзо. Бидејќи животот не е една голема траума која оди по нас, како сенка, како авет. Не. Животот е спој од мали моменти, кои прават големи радости. 

А како може да се уништи таа голема траума? Само со големите и чести мали прекраснотии.

Затоа да ги правиме почесто.

Почесто да се смееме, почесто да се радуваме, а секогаш да се љубиме. 

18. Научив како себеси да си помогнам

Нема секогаш да има психолог, пријател, родител покрај тебе. Некогаш ќе останеш и сам.

И најважното е да се научи како да си помогнеш себеси додека си во таа самотија.

Истражувањето на оваа тема, читањето на стручна литература, гледањето на документарци поврзани со сексуалното злоставување, е само дел од оние нешта кои можат да помогнат. 

Помага и фактот да се знае дека жртвата никогаш не е сама.

Не само што има луѓе кои поминале низ истото, има и луѓе кои секогаш ќе бидат потпора, поддршка, помош - една прекрасна платформа на мир, разбирање и подадена рака. 

19. Научив како да се љубам себеси

Претходно не се љубев, не се сакав. Не можев да се сфатам. А со непризнавањето и неприфаќањето на сексуалното злоставување во детството, јас себеси се туркав во поголема провалија. А како може да се љуби човек кој се самоуништува, а не знае ни зошто?

Сфаќам дека ми било одземено детството и невиноста без моја согласност, разбирам дека да не се случело тоа можеби сега ќе сум имал сосем различен живот, јасно ми е дека минатото не може да се промени.

Ама врз него може да се изгради нешто преубаво.

Иако иднината ме плаши, јас одам напред.

Во сета таа збунетост, незнаејќи што навистина сакам, си ја прифатив својата асексуалност (за која со задоволство би говорел во иднина), ги прифатив сите лузни на душата, ги прифатив сите изгубени години.

Одам напред со тоа што работам на себеси, исцелен сум, и за првпат во мојот живот, се љубам себеси.

20. Научив и сфатив дека мора да се подигнува свеста кај народот

Иако уште е табу тема, ние кои можеме, имаме должност да ја подигнуваме свеста кај народот за сексуалното злоставување на децата.

Потребни се системски решенија за да се најдат соодветни начини за рехабилитација на жртвите.

Потребно е целосно искоренување на чинот на злоставување преку рана детекција на сите инволвирани; потребни се разговори колку и да се тешки и непријтени; потребно е вистината да излезе на површина.

Ако институциите потрфлаат, тогаш останува на народот да може да си ја каже својата приказна, организациите да делуваат, и со тоа да се направи една убава промена во општеството.

За повеќе да не биде скршено и болно општество, но цврсто и сплотено.

На крај, да не ги заборавиме и оние кои ги имаат изгубено своите животи поради ваквиот вид на сексуално злоставување. Да, кај некои деца психата до толку опаѓа што единствен излез и наоѓање на мир е посегнување по животот.

Тоа не е начинот, и токму поради тоа треба да се нормализира разговорот на оваа тема во ова општество.

Потребно е да ги урнеме сите табуа поврзани со сексуалното злоставување, да ја подигнуваме свеста секојдневно кај целиот народ, да немаме срам да проговориме, или да не се чувствуваме непријатно за да подадеме рака. На тој начин, обединети, и со многу љубов помеѓу нас, ќе можеме да постигнеме многу.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg