Речиси и да не постоеше град во Македонија каде што во текот на ’90-тите години не можеше да се лоцира барем еден киоск „Портокал“. Домашно производство на Унипласт од Струга, изработен од смола и стаклено влакно, киоскот се состоеше од 2 полутопки кои се затвораа и формираа топка (портокал) кој се заклучуваше со катанец. Најчесто се продаваа мастики, весници, грицки и сокчиња...