Омилен ретро дизајн од ’90-тите – „Портокал“ киоск (фото)

Речиси и да не постоеше град во Македонија каде што во текот на ’90-тите години не можеше да се лоцира барем еден киоск „Портокал“.

Omilen-retro-dizajn-od-90-tite-Portokal-kiosk-01.jpg

Домашно производство на Унипласт од Струга, изработен од смола и стаклено влакно, киоскот се состоеше од 2 полутопки кои се затвораа и формираа топка (портокал) кој се заклучуваше со катанец.

Најчесто се продаваа мастики, весници, грицки и сокчиња, а дечињата особено се радуваа на џиновскиот портокал.

Македонија, секако, не е единствената земја каде што бил популарен „портокалот“ на улиците и плоштадите. Киоск „портокалот“ се сретнувал во скоро сите балкански земји, па дури и во Русија и Јапонија.

Некои неговата намена ја поврзале стриктно со надворешната форма – место каде што ќе се продава цеден сок од портокали. Логично, нели?

Потсетете се на најинтересниот ретро дезен од златните ’90-ти:

Omilen-retro-dizajn-od-90-tite-Portokal-kiosk.jpg

cbf558fad9b336b9a6de95432b25fb6a.jpg

Bolu vitamin bar kiosk ctp polyester kompozit kabin imalati dokum vitamin bar (39).jpg

006.jpg

004.jpg

03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква тетоважа побарав vs. што добив - Тату-артисти кои ги надминале очекувањата на клиентите (фото) „Очигледно не сум најдобар уметник, но ме фасцинира маестралната интерпретација ...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg