Виртуелна прошетка низ најубавата книжарница во Букурешт (фото)
Мирис на стари книги, време поминато во тишина, пријатна атмосфера и архитектура која крие историско значење се само дел од причините зошто вреди да посетите барем една библиотека или книжарница во градот кој ќе го одберете за ваша следна дестинација.
Ако одите во Романија на пример, и го посетите Букурешт, не смее да ја пропуштите бајковитата книжарница Carturesti Carusel, сместена во стариот дел од градот.
Отворена е пред околу две години, а на шест катови се распоредени над 10.000 наслови.
Веќе ги доби симпатиите од модните и патувачки блогерки, а се здоби и со титула за една од најубавите книжарници во Европа.
Во продолжение, најубавите фотки од Carturesti Carusel:
М. Д. | Црнобело