Отворен е базен помеѓу два облакодера во Лондон на висина од 35 метри – би се бањале ли во него?
Во Лондон е направен првиот проѕирен „висечки“ базен, кој се наоѓа помеѓу две згради, и тоа на висина од 35 метри. Иако базенот изгледа мошне интересно, мислењето на јавноста е поделено, а повеќето твитерџии сметаат дека е „катастрофа која чека да се случи“.
Проѕирниот базенот во Лондон е долг 25 метри, а се наоѓа на десетиот кат помеѓу две згради и личи на мост. Наводно, од базенот има одличен поглед кон панорамското тркало познато како London Eye, но и целиот град, а се смета за најексклузивното место каде што можете да одите на пливање во главниот град на Англија.
Ова е првиот ваков базен во светот, а можат да го користат само оние кои живеат или отседнуваат во луксузните станови во зградите. Британските медиуми споделуваат дека двособен стан во овој комплекс чини над 1 милион долари.
Swimmers enjoy warm weather in London at the Sky Pool which is believed to be the world’s first transparent pool built between two skyscrapers
— BBC News (UK) (@BBCNews) June 1, 2021
https://t.co/mtRX8qvt0a pic.twitter.com/2skTGK9Jp7
Иако базенот е отворен од 19-ти мај, според британските медиуми првите луѓе кои пливале во него се забележани дури неделава, откако се затопли времето во Лондон.
Првите нацрти за базенот биле направени уште во 2013-та година, а базенот бил направен во Колорадо, каде што поминал многу тестови за издржливост пред да биде испратен во Англија.
Во базенот собира 375 тони вода и е изграден со технологија која му овозможува да се движи, односно да се ниша кога има силни ветришта, така што не би се оштетил во лоши временски услови.
На десеттиот кат од двата облакодери каде што се наоѓа базенот има и бар, спа-центар – место кое можат да го користат сите станари, но никој друг. Според The Guardian, оние кои немаат стан во комплексот не само што не смеат да го користат базенот, туку мораат да влегуваат во луксузните згради од посебна врата.
Иако пливањето во ваков базен изгледа навистина примамливо, твитерџиите не се воодушевени од идејата од различни причини, па на социјалната мрежа ќе најдете безброј критики.
„Ова е како сцена од Final Destination што чека да се случи. Но сепак изгледа одлично“.
This feels like a Final Destination set piece waiting to happen. It looks awesome though. https://t.co/1wunigXSrg
— Dominic Ryan (@DominicRyan1) June 1, 2021
„Сум преземал многу пресметани ризици во животот, но не би пливал во овој базен“.
I've taken a lot of calculated risks in my life but I would not swim in this pool. No thanks https://t.co/adfYT755Tb
— Douglas Main (@Douglas_Main) June 1, 2021
„Дел од мене мисли дека ова е кул. Дел од мене мисли дека е глупаво“.
Part of me thinks this is cool. Part of me thinks this is stupid. https://t.co/r06yEfrJPO
— Myles Daley (@MylesDaley) June 1, 2021
Дали вие би отишле на пливање во овој базен?