Магична катедрала направена од живи дрвја (фото)

Италијанскиот артист Џулијано Маури е веќе познат по неговата „природна“ архитектура, а неговата катедрала од дрвја е можеби најубавото дело досега.

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-01.jpg

За да ја направи Vattedrale Vegetale, или Катедралата од дрва, Џулијано засадил неколку колони дрвја, на тој начин што кога ќе пораснат ќе формираат базилика. Дрвјата се засадени во дрвени рамки, кои со текот на времето ќе изгнијат, па на крај ќе остане само структурата од живи дрвја.

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-09.jpg

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-10.jpg

Овој проект е навистина масивен и се употребени 1.800 стебла смрека и 600 гранки од орев, кои се прицврстени со 6.000 метри фиданки од лешник. Како што стеблата растат, тие ќе формираат и покрив за катедралата.

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-02.jp.jpg

Катедралата зафаќа површина од 650 метри квадратни, а биле потребни неколку месеци да се постави.

Џулијано почнал да ги сади дрвјата уште во 2002-та, но починал во 2009-та, пред да го види крајниот резултат на неговото дело.

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-03.jpg

Катедралата се наоѓа во Северна Италија, а можете да ја видите и денес.

https://www.instagram.com/p/BnEuXe1liA4/

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-04.jpg

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-05.jpg

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-06.jpg

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-07.jpg

magichna-katedrala-napravena-od-zhivi-drva-foto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Идеи за минималистички тетоважи за оние кои имаат нераскинлива врска со своето куче Ако љубовта кон вашето куче ви е посилна од сè, независно дали уште го чувате ил...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото) „Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg