Бабичката која најмногу им се радува на празниците - Секоја година дома има преку 2.000 новогодишни украси
Секој Божиќ, куќата на Бети Ен Џоунс и нејзиниот сопруг Кит е украсена со над 2.000 украси.
Целиот дом е прекриен со декорации, а единствено тоалетот е „поштеден“ од украсување.
76-годишната Бети е дефинитивно бабата што најмногу го сака Божиќ, а во изминативе неколку децении има потрошено над 30.000 фунти за украси и декорации.
Покрај Бети, на украсите им се радува и целото соседство, па оваа бабичка ги отвора вратите од нејзиниот дом за сите кои сакаат да уживаат во празничната атмосфера.
Ако влезете во домот на Бети, ќе видите огромни санки, 73 снешковци и безброј ламбички, а Бети ќе ве пречека во униформа на елф.
Сопругот на Бети, Кит, не е најсреќен што секоја година домот му се претвора во зимска бајка. Но, кога го гледа среќното лице на Бети, се помирува со сè.
Спирова С. | Црнобело