102-годишна тату артистка одржува во живот древна традиција за тетовирање

Ванг-Од Угеј, или Марија Угеј е 102-годишна тату артистка од Филипините. Но, нејзината возраст не е единственото нешто што ќе ве фасцинира. Марија одржува во живот древна традиција за тетовирање позната како mambabatok.

102-godishna-tatu-artistka-odrzhuva-vo-zhivot-drevna-tradicija-za-tetoviranje-01.jpg

Луѓето од целиот свет доаѓаат кај неа, но овој подвиг не е мал. За да стигнете до областа Калинга, каде што се наоѓа Марија, треба да возите 15 часа северно од Манила до планинското село Бускалан. Селото, пак, е достапно само пеш, и тоа преку шума и полиња со ориз.

https://www.instagram.com/p/BnE_45pHaeJ/?utm_source=ig_embed

Секое утро Марија подготвува мешавина од мастило од вода и саѓи од бор. Таа прави по неколку тетоважи дневно користејќи игла од дрво од помело, стапче од бамбус, јаглен и вода. Рачно направеното мастило се нанесува под кожата со помош на дрвената игла и бамбусот.

Секоја тетоважа си има различен мотив – од линии и едноставни форми, до племенски дезени и животни. Покрај тоа, секоја тетоважа има и свое значење како сила, убавина или плодност.

View this post on Instagram

A post shared by Rajayana (@missrajayana)

Овој начин на тетовирање потекнува од домородните воини. За нив тетоважата имала важно значење и можеле да се тетовираат само откако ќе убијат некого. За жените, од друга страна, тетоважите биле како знак на убавина.

Марија изјавила дека во нејзината младост, таа и нејзините пријатели си ги тетовирале рацете и нозете, а тогаш научила и самата да тетовира. На 15-годишна возраст, со помош на нејзиниот татко, започнала посериозно да го изучува занаетот. Ова е необично бидејќи дотогаш, само мажите имале дозвола да научат да тетовираат.

https://www.instagram.com/p/BWB9PO5F1Rn/?utm_source=ig_embed

Одржувањето на оваа традиција е навистина голем предизвик. Тамошните луѓе веруваат дека оваа уметност може да се пренесе само од еден член на семејството на друг, бидејќи во спротивно тетоважата би се инфицирала.

За жал, Марија нема свои деца на кои би им го пренела знаењето, но не ѝ било страв дека традицијата ќе исчезне. Таа сепак има неколку роднини на кои им ја открила тајната на нејзината техника.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Идеи за минималистички тетоважи за оние кои имаат нераскинлива врска со своето куче Ако љубовта кон вашето куче ви е посилна од сè, независно дали уште го чувате ил...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg