Уникатна перница за партнерот да ве гушка на раат
Овој уникатен изум спиењето во позицијата „лажичка“ ќе ви го направи вистинско задоволство.
Сите сме биле во таква позиција кога сакаме да прегрнеме некој што го сакаме при спиење и раката ни се здрвила затоа што била згмечена под перницата и не пристигало доволно крв до неа.
Сега, има решение за ова.
Перницата „Coodle pillow“ ќе ви овозможи на раат да го гушкате партнерот, а и тој вас. Таа е специјално дизајнирана за спиење во позицијата „лажичка“.
Концептот е едноставен, таа е заоблена како мост и под неа може да ја ставите раката. Комфорот е загарантиран за двете страни.
Во неа има специјална пена која ја држи цврсто и не дозволува врз раката да ја чувствувате целата тежина од главата на партнерот.
Како изгледа оваа перница:
С. С. | Црнобело