Безбедни деца, возачи и дом: 8 изуми кои ја одведоа сигурноста на ново ниво
Повеќе нема да имате главоболки каде е вашето дете и дали сте ја заклучиле вратата од домот.
Ако мислевте дека гаџетите се создадени само да не забавуваат, грешите. Електронските изуми се креирани за да ни го направат животот полесен и покомфорен на многу начини.
Еден од нив е подигнувањето на безбедноста на едно ново ниво.
Некои од изумите навистина може да ни го направат животот посигурен:
За велосипедисти
На велосипедистите на патот сè може да им се случи, па овој мал сензор е од витално значење во итни случаи.
Тој се закачува на кацигата и ако личноста падне од велосипедот и е несвесна, направата ќе испрати сигнал дека е потребна екипа за спасување.
За децата
Наместо да му се јавувате на вашето дете на секој половина час и да проверувате каде е, дадете му ја направата „Geo Tracker“. Вие ќе знаете каде се наоѓа точно во секој миг. Може да ја носи на врат или пак на рака.
Оваа направа е одлична и за постарите лица и милениците.
За чист воздух во домот
Воздухот во нашите домови, особено во зима, понекогаш нема најдобар квалитет. Ретко отвораме прозорци, па со тоа намалено е нивото на кислород, а греалките го сушат воздухот.
Постои специјален анализатор на воздухот, кој ќе ве информира за квалитетот на воздухот, односно за неговата влажност и количината на јаглерод диоксид. Дефинитивно ќе бидете алармирани кога треба да ги отворите прозорците.
За постарите
Да, постои гаџет и за постарите. Но, не грижете се, ќе се справат затоа што е голем и има само едно копче. Тоа е мала направа што се носи околу вратот или на раката како алка.
Ако на личноста што го носи ѝ се слоши дома или на улица, треба само да го стисне копчето. Сигналот ќе биде испратен до нивните најблиски, соседите или итната помош.
Дури и ако не е притиснато копчето, направата сама ќе реагира при пад.
За безбеден дом
Сигурно и вие сте меѓу оние кои од време навреме си го поставуваат прашањето „Дали ја заклучив вратата во домот?“.
За да си ги скратите главоболките инсталирајте го овој сензор кој ќе ве алармира доколку има отворање и затворање на вратите и прозорците. Па, така ако имате натрапник во домот ќе добиете порака.
За тие што се враќаат дома доцна
Ако се враќате доцна, одите по темни улици и на состаноци со непознати луѓе тогаш можеби со себе си носите свирче или специјален спреј.
Но, сега има помодерни направи кои изгледаат како стилски прстени или алки. Во случај на опасност, само треба да притиснете на нив. Тие ќе испуштат многу силен звук и ќе испратат сигнал до вашите најблиски.
За тие што се долго зад воланот
За камионџиите, таксистите, но и сите оние кои се долго време зад воланот, ова е одлична направа која ќе спречи да не заспиете.
Се става на увото или на раката и ако возачот заспие таа испушта звук, вибрира и го буди возачот со мал електро шок. Но, тоа дефинитивно е подобро отколку сообраќајна незгода.
С. С. | Црнобело