Неодоливи рачно плетени и везени плик чанти кои потсетуваат на вистински книги
Доколку сте вешти со игла, конец и ножици, ова е прекрасна идеја да го испробате својот талент, претворајќи обична правоаголна чанта во подвижно уметничко ремек-дело.
Заслугата за одличната идеја ѝ припаѓа на Татијана од Москва, која се крие зад брендот наречен „Mrs. Chaplin Book Cluthes“.
Таа ја слави љубовта кон литературата инкорпорирана во овие тврди плик чанти, употребувајќи материјали како волна, свила и памук, служејќи се со различни техники на изработка.
Нивната внатрешност изгледа подеднакво совршено како и надворешниот изглед на чантичките.
Со нејзините вешти раце и фантазија, конечните производи изгледаат скапо и неодоливо, а секој вљубеник во книгите како „Волшебникот од Оз“, „Големиот Гетсби“, „100 години самотија“, „Хобит“ или „Малиот Принц“, сигурно би сакал да има барем една ваква чанта во своите раце.
(О)Милена | Црнобело