Како паметно да ги искористите стапчињата од сладолед наместо да ги фрлате?

Сакате да направите некој посебен украс со кој вашиот дом ќе добие ваш личен печат?

kako-pametno-da-gi-iskoristite-stapcinjata-od-sladoled-namesto-da-gi-frlate-01.jpg

Овој едноставен туторијал ќе ви покаже како да направите нешто навистина убаво и интересно од најобични стапчиња за сладолед.

Потребни ви се многу стапчиња за сладолед, лепило и вашата омилена боја.

Постапката е следна:

На лист хартија нацртајте шестоаголник па поставете 3 стапчиња на трите спротивни страни. На секој крај од стапчињата ставете по малку лепило и на празните места ставете 3 нови стапчиња.

Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите стапчиња.

Кога ќе завршите земете ја омилената боја и со помош на четка премачкајте ги стапчињата.

Почекајте убаво да се исуши па поставете ја како рамка за вазна или како место за чување крпи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg