Ламби во чија внатрешност расте зеленило (фото)
Германските дизајнери Емилија Лухт и Анре Зибрантке создадоа интересни ламби чија внатрешност овозможува да расте зеленило во нив, без употреба на директна сончева светлина и вода.
Тие употребиле компресивен вентилатор за стакло, со цел да ја создадат идеалната форма на светилката, а резултатот е прикажан преку два дизајни - висечка ламба во вид на лустер и вообичаен тип на столна ламба.
Двата типа ламби имаат мали зелени растениja внатре, кои растат со помош на ЛЕД светла, како замена за сончева светлина.
Светлата се целосно самоодржливи, каде што тие тврдат, и на овој начин растенијата може да растат со години.
Можеби идејата не е сосем практична, но мора да признаете дека изгледаат прилично кул...
(О)Милена | Црнобело