Тајни соби во Милано кои кријат моќна порака (фото)
Уметникот Фра Бјанкошок го знае ова, и токму затоа одлучил овие напуштени шахти во областа Лоди, Милано да ги трансформира во скриени минијатурни подземни живеалишта.
Бјанкошок има многу подлабока мотивација за овој проект. Имено, целта на шахтите е да го поттикне размислувањето за оние кои се принудени да живеат во затворени подземни простори, а бил инспириран од стотици луѓе кои се смета дека живеат во канализација во Букурешт, Романија.
Уметничката инсталација Borderlife е серија од три соби и во секоја од нив е прикажан различен домашен амбиент. Едната содржи туш, а друга пак е претворена во мини кујна полна со мали кулинарски додатоци.
Уметникот на својата веб-страница истакнува дека „Доколку некои проблеми не може да се избегнат, барем направете ги удобни“.
(О)Милена | Црнобело