Како на филм: Новиот тематски парк во Дубаи (фото + видео)
Откриен е новиот архитектонски модел на Dubai Parks & Resorts кој чини 2,8 милијарда долари. Најновиот парк ќе има свој Таџ Махал и Леголенд.
Паркот е најавен да се отвори за употреба во октомври 2016-та година.
„Dubai Parks & Resorts е место каде се сретнуваат западот и истокот и создаваат свет на забава и авантури“ - како што објаснуваат официјални лица на Dubai Parks & Resorts.
Проектот всушност претставува комбинација од 6 тематски паркови во едно.
Официјални лица на Dubai Parks & Resorts се надеваат дека овој парк ќе привлече 20 милиони посетители до 2020-та година.
Го нарекуваат уште „меѓународна туристичка дестинација која можете да ја посетите во било кој период од годината“.
Н. Г. | Црнобело