Свадбен фотограф открива нова техника: Свадбата низ очите на гостите
Австралискиот фотограф Питер Адамс Шон моментално ја доживува својата слава преку сосема нова, досега невидена техника на фотографирање.
Фотографот посебно се зближува со младоженците и гостите, затоа што ги слика нивните зеници. Така преку отсјајот кој окото го создава, тој ги добива финалните резултати - минијатурна, но беспрекорно јасна фотографија.
Првата ваква фотка Питер ја направил во октомври 2011-та година, откако си поиграл со рефлексијата кој ја забележал во окото на еден клиент.
Бил задоволен со ефектот, но официјално новата техника почнал да ја применува во 2014-та година.
За точно една година Питер има направено илјадници вакви фотографии, а ова се само дел од најдобрите: