Направи сам: Домашни природни миризливи стапчиња

„Smudge sticks“ претставуваат  еден вид едноставна домашна замена на миризливите стапчиња направени од ароматични билки заврзани во клопче, кои откако добро ќе се исушат се палат и се оставаат да горат.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-01.jpg

Топлите месеци се идеално време за пронаоѓање на лековитите ароматични билки кои растат под вжареното сонце и покрај тоа што може да се употребат за домашната аптека, тие може да се искористат за правење на оригинални миризливи стапчиња кои благотворно делуваат и ги прочистуваат затворените простори во домот.

Миризливите стапчиња можете да ги направите од: жалфија, кедар, мајчина душица, рузмарин, маточина или лаванда.

Потребен материјал:

  • Билки
  • Памучен конец
  • Ножици

Подготовка:

Аранжирајте ги билките на тој начин што ќе бидат со иста должина, а потоа преминете на нивино заврзување.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-1.jpg

Тајната на добро направените миризливи стапчиња, кои долготрајно и рамномерно ќе горат, е во тоа да бидат цврсто заврзани.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-2.jpg

Потоа можете да ги украсите по желба со конец во различна боја.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-3.jpg

Готовите миризливи стапчиња треба добро да ги исушите. Се ставаат на суво и прозрачно место.

За времена употребувањето, потребно е да внимавате запалените жарчиња да не паѓаат, па стапчето најдобро е да го оставите на некоја стаклена површина како чинија.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg