Адидас патики направени од мрежа за риболов
Во соработка со организацијата за заштита на средината именувана како „Parley for the oceans“, Адидас дизајнирале концепт на патики кои се речиси целосно направени од пластичен отпад исфрлен во океаните, а потоа собран и изваден со мрежи за риболов.
Мрежите се значаен извор на загадување на океаните, но барем дел од тие мрежи може да се рециклира и да биде одличен креативен извор за создавање на интересни предмети.
Од неодамна, активистичката организација „Пастири на морето“ успеала да собере речиси 72km долга мрежа која е собрана близу западна Африка за време на 110 дневното пребарување на ловокрадците на тие простори од страна на Интерпол.
Откако потонал бродот на ловокрадците, оваа организација за заштита на океаните успеала дури и нив да ги спаси од сигурна смрт.
Сега концептот е направен на тој начин што горниот слој на патиките е целосно направен од зелените влакната од пластичните мрежи, додека основата на самата патика е направена од одржлив материјал.
Адидас порано се обвинувани од „Зелениот мир“ дека придонесуваат за загадување на планетата Земја, па овој концепт на патики од мрежа според нив е одличен начин да покажат дека во правец на подобрување на активностите и преземање на мерки за заштита на средината.
Овие патики се очекуваат да излезат во продажба во 2016-тата година.