Новото седиште на Фејсбук: Најголемата отворена канцеларија во светот
Големите IT компании од силиконската долина во желба да ја прикажат нивната успешност и за да ги достигнат трендовите во внатрешното уредување, градат импресивни комплекси.
Во чекор со архитектонскиот дизајн на другите компании сега е и Фејсбук кој има нова адреса.
Коплексот познат како MPK20 сместен е во малиот град Пало Алто и е дизајниран од канадскиот архитект Френк Гери. По зборовите на основачот на оваа компанија, зградата е „прилично едноставна и ништо фенси“.
„Нашата цел беше да креираме совршена просторија за тимска работа“ - вели Марк Цукерберг и натаму продолжува, „за да го постигнеме тоа, ја смисливме и отворивме најголемата отворена канцеларија на светот“.
Оваа канцеларија одговара на потребите на 2800 вработени, а постојат и помали соби каде вработените може да продолжат со работата доколку им е потребна приватност. Вработените тука може многу брзо и едноставно да се движат без разлика на тоа дали работат во поголеми или помали групи.
Модернистичкиот изглед на самата канцеларија е надополнет со интересен и софистициран мебел, уметнички дела, скали кои наликуваат на оние од музејот Гугенхајм, парк на покривот од зградата, сали за состаноци кои повеќе наликуваат на играчници.
Паркот е со површина од 3.5 хектари и расадник со повеќе од 400-тини дрва. Уметничките дела се инспирирани од овој бренд и се насликани од локалните уметници.
Целата градба е изградена во рок од 3 години и е прилично едноставна. За не употребувани се само метали, бетон и стакла. Направена е според желбите на основачот на оваа компанија.
Од архитектот Гери бил побаран „скромен работен простор кој ќе биде флексибилен и во секој миг би можел да се трансформира по потребите на вработените“.
Еве како тоа го остварил: