Направете сами: Елегантен лустер од стари сијалици
Понекогаш не е неопходно да вложите многу пари за да постигнете луксузен ефект. Истото можете да го постигнете и доколку искористите некои стари елементи и малку повеќе вештина..
За да направите луксузен лустер од стари сијалици потребни ви се неколку работи и да ја следите постапката чекор по чекор.
Потребни материјали:
- Автолак во боја по избор
- Индустриско лепило
- Метална алка со пречник од 5 cm
- Метална алка со пречник 1,5 cm
- Жица
- Сијалици
- Украсни куки
- Скалпел
- Заштитни ракавици
- Клешти за накит
- Заштитни очила
- Кабел со фасонка за лустер
Начин на изработка:
Внимание: Стаклото од сијалицата е лесно кршливо, така што се препорачува за време на работата да носите очила и ракавици.
1. Внимателно отстранете го металниот дел од долната страна на сијалицата со помош на скалпелот и клештите.
Добро е тоа да го направите над кантата за отпадоци или некоја подлога за во случај да ја скршите сијалицата, парчињата стакло да паднат на едно место. Нежно повлечете со скалпелот додека не слушнете како се крши стаклото, Отстранете ги скршените делови со клешти, а потоа истресете ја сијалицата во случај да има заостанати парчиња.
2. Со автолак обојте ги сијалиците. Во овој туторијал е користена златна боја, но вие може да си одберете боја по желба. Важно е само бојата да ја прилагодите на остатокот од елементите во собата.
3. Нанесете лепило околу внатрешните рабови на грлото на сијалицата. Потоа поставете ја златната кука, закачете ја веднаш под работ на сијалицата и дополнително додадете лепило. Оставете да се исуши барем 12 часа.
4. Горниот дел од куката свиткајте го со клештите, а вишокот отстранете го.
5. Заврзете 6 жици со должина од 10-15 cm за помалата алка. Останатите жици отстранете ги со запалка, а нивните долни краеви врзете ги за поголемата алка.
6. На крај провлечете го кабелот низ алките грлото на сијалиците да бидат надолу, а потоа прикачете ги сијалиците кои претходно сте ги обоиле. Поголемите и поиздолжените сијалици поврзете ги со жици кои се приврзани околу помалите, централни висечки алки. Помеѓу нив поставете ги помалите сијалици и заврзете ги околу поголемите алки.