Љубовен хороскоп за март 2023: Овни – ќе почнете паралелна врска, Близнаци – некој ќе ве извлече од анксиозност
Лавови – партнерот ќе ве потсети на вашето минато и на некој со кого одамна сте завршиле, но тој е љубоморен. Како ќе се справите со ова и дали вашата врска ќе го преживее март? Што ги очекува другите знаци? Прочитајте си го љубовниот хороскоп за март.
За многу хороскопски знаци, март нема да биде поволен месец на љубовен план, но оние што ќе бидат упорни и подготвени на промени, ќе ги пребродат тешкотиите.
Некои од слободните ќе уживаат во слободата и посветувањето на себеси и авантурите, додека пак, други ќе ја пронајдат својата сродна душа неочекувано.
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за март 2023:
Овен
Ако сте во врска:
Не може да се каже дека ова ќе биде поволен период за вас на поле љубов, бидејќи нема да имате никакви гаранции. Уште од почетокот на месецот, односите ќе ви се искомплицираат значително. Ќе се борите со тоа, но некои Овни ќе паднат во искушение и ќе бидат склони и кон започнување паралелна врска. Март е месецот кога може да доживеете многу промени на ова поле и до крајот ќе мора да донесете некои важни одлуки.
Ако сте слободни:
Овните кои се склони на флерт и не се срамат од ширење познанства, ќе имаат среќа да сретнат некого на патувања или друштвени излегувања. Но, може оваа личност да биде зафатена или некој што не е од доверба. Претерано ќе се заинтересирате за неа, но можно е да ви се појави и друга личност на патот, која ќе ви биде позначајна на долг рок.
Бик
Ако сте во врска:
Во текот на месецот ќе бидете малку рамнодушни кога е во прашање љубовта. Може да покажете колебливост, несигурност и нестабилност во односот кон партнерот, што очекувано нема да биде добро прифатено. До крајот на месецот ќе ги отворите картите и или ќе направите непоправлив хаос или ќе успеете да извојувате победа.
Ако сте слободни:
Слободните Бикови ќе имаат многу можности за флерт и авантура, па ќе се забавувате без никакви грижи и обврски. Но, кон средината на месецот, на патот може да ви се појави потенцијална сродна душа, со која ќе почувствувате длабока поврзаност. Овојпат, сетете се на најчестите грешки што ги правите и зошто не ви успеваат врските, па потрудете се да не ги повторите, има шанси да прерасне во нешто посериозно.
Близнаци
Ако сте во врска:
Ве очекува возбудлив период, но и грешки кои ќе ги направите во врската. Вашите процени нема секогаш да бидат правилни. За многу прашања ќе покажете наивност, посебно ако не сте во сериозна врска. Некои работи што ви пречат, ќе почнат уште повеќе да ве нервираат, но ако емоционалните потреби ви се задоволени, ќе бидете мирни барем до крајот на месецот.
Ако сте слободни:
Многу слободни Близнаци ќе бидат склони емотивно да се врзат за некого што не го познаваат доволно, но ќе им се покаже како поддршка во почетокот на месецот. Постои можност за започнување тајна врска и турбуленции, но за среќа друштвото може да ве извлече од оваа ситуација. Брзо потоа ќе направите повторно прв чекор кон личност која ќе ви помогне да го надминете стресот и анксиозноста.
Рак
Ако сте во врска:
Родените во овој знак ќе бидат ставени пред големи искушенија во љубовниот живот, посебно на почетокот на месецот. Страста ќе се разбуди, а вашата способност да создадете романтична магија ќе стигне до врвно ниво до средината на месецот. Толеранцијата ќе биде клучна за последниот период од месецот, бидете подготвени да му удоволите на партнерот.
Ако сте слободни:
Можно е месецот да ви започне со изненадно заљубување во некој што го познавате преку работа, но сепак станува збор само за занесеност, не за вистински емоции. Многу Ракови љубовниот живот ќе си го чуваат во тајност за да избегнат разочарувања. Ќе уживате некој период во незадолжителен флерт, но до крајот на месецот може да ви се појават пеперутки во стомакот.
Лав
Ако сте во врска:
Ако ги покажете слабостите, ништо нема да ви биде од помош во љубовниот живот. До средината на месецот, ситуацијата постојано ќе се менува со брзина на која тешко ќе ѝ го фатите темпото. Нетрпението ќе ви биде главната пречка на патот кон среќата. Кон крајот на месецот партнерот можно е да ве потсети на нешто од вашето минато, па ќе мора да се потрудите да имате меѓусебно разбирање и да се држите до вашите односи.
Ако сте слободни:
Првата половина на месецот нема да размислувате разумно и ќе се впуштате во секакви авантури, па дури можеби и во паралелни. Но кон средината на март, срцето ќе почне да ви бие забрзано, откако ќе се најдете во друштво на некој што ќе ве возвишува, ќе ви посветува внимание, а вие ќе паднете на појавата и однесувањето. Шармот ќе биде обостран и брзо ќе се развие хемија која ќе биде забележителна за околината, но нема лесно да се впуштите во врска.
Девица
Ако сте во врска:
Имате можност да си го организирате љубовниот живот според тоа како вам ви одговара. Ќе уживате во интимноста и заедништвото, па можно е да размислите за вселување, ако веќе не живеете заедно, во спротивно, ќе посакате некоја нова заедничка авантура. Месецот ќе ви биде посветен на заеднички активности, независно дали се возбудливи или обични домашни. Ќе работите на односот кој до крајот на месецот ќе стане многу посилен.
Ако сте слободни:
Месецот ќе ви започне така што ќе се чувствувате поласкани, заради флертот од некоја угледна личност, која истовремено е влијателна, но не ви личи сериозно. Сепак, може да ја цените вашата слобода и да не се одлучите да продолжите понатаму, туку да уживате во врски без обврски, додека не најдете некој со кого односите не би биле површни. Избегнувате да бидете разочарани.