Љубовен хороскоп за март 2023: Овни – ќе почнете паралелна врска, Близнаци – некој ќе ве извлече од анксиозност
Вага
Ако сте во врска:
Независно дали сте долго заедно или штотуку влезени во врска, месецот ќе ви донесе енергија на лежерен пристап кон односите со партнерот. Можно е да сте исцрпени од некој заеднички товар кој сте го носеле досега или сте биле до скоро во несогласувања, но сега ќе ставите крај на грижите и ќе се фокусирате на забавни активности и опуштање. Потребно ви е да се сетите на тоа дека можете заедно да се релаксирате, забавувате и да се смеете, а не само да делите грижи и товар.
Ако сте слободни:
Месецот ќе ви донесе силни емоции, возбуда, задоволство и можност за авантури со странци или луѓе кои ќе ги сретнете на патување. Сепак, потрудете се да бидете искрени со потенцијалните партнери, бидејќи ако се обидете да седите на две столчиња, очекувајте дека ќе бидете разоткриени. Не тактизирајте, живејте како што сакате во моментот и одберете го партнерот кој е најпогоден за вас. Не се плашете од тоа повторно да останете сами ако не успее.
Скорпија
Ако сте во врска:
На партнерот може да му биде потребна вашата поддршка и помош, па покажете го вашиот оптимизам и обојте му го животот во розово. Сигурни сте во себе и полни со љубов, па ќе му годи вашето друштво. Внимавајте да не се соживеете премногу со неговите проблеми, па да се исцрпите и да се чувствувате искористено. Поставете здрави граници и дајте му сила на партнерот за сам да се избори.
Ако сте слободни:
Ќе ви годи дружба со млади и енергични личности кои се карактеризираат со комуникативност, желба за дружење, патувања и носат возбуда околу себе. Но, кај овие личности ја нема сигурноста која ви е потребна, па ќе се држите само до забава. Во меѓувреме може да ве привлече личност на која вообичаено не би ѝ дале шанса, но ќе ви се види поразлична од останатите и вредна за ризик.
Стрелец
Ако сте во врска:
Луѓето во опкружувањето ќе ви вршат притисок и ќе ви делат лекции за тоа дека треба поинаку да се поставите кон партнерот. Можете да ја зачувате хармонијата и стабилноста во врската со свесно и внимателно посветување и пристапување кон ситуацијата. Променете ги рутините, обезбедете си време за заеднички активности, разговарајте, слушајте се. Навистина имате пропуштено некој дел, па би било добро да надоместите и да го слушнете партнерот што има да каже.
Ако сте слободни:
Се трудите да фасцинирате некој што не е баш искрен со вас како што ќе го замислувате на почетокот. Бидете внимателни бидејќи ако влезете во оваа врска, до крајот на месецот може да се разочарате. Последните денови од март ќе ви поминат во емотивен хаос, а рамо за плачење може да најдете кај некој што ви бил пријател или колега.
Јарец
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот може да се појават интензивни емоции, кои може да предизвикаат и конфликти. Кај еден од вас е наталожено незадоволство, а туркањето под тепих не е решение. Разговарајте и бидете искрени, преземете одговорност, бидејќи во спротивно до крајот на месецот односите може значително да се вложат. Не барајте изговори, туку решенија.
Ако сте слободни:
Се чувствувате добро со статусот на слободни, почнувате да се пронаоѓате себеси и не сте расположени за хаотични и драматични врски, потребно ви е да се посветите на сопствените интереси. Не зависите од никого, но може да доживеете изненадување кон средината на март – средба со старо друштво каде може да се појави и старата љубов или некој што ви е близок да го видите под ново светло.
Водолија
Ако сте во врска:
Можно е да се фатите себеси дека водите паралелен живот. Тоа не мора да значи дека изневерувате физички, но ниту сами нема да знаете како сте се нашле во ваква комплексна ситуација. Ова ќе активира многу прашања на кои ќе треба да најдете одговори. Дали ќе биде крај за постоечката врска или за авантурата, мора да ги расчистите работите до крајот на месецот.
Ако сте слободни:
Ќе запознаете личност која ќе ви ги отвори видиците и ќе почнете да гледате на работите од нова перспектива. Тоа посебно ќе ве привлече, дури и ако физички не е според критериумите кои вие ги имате замислено. Ова може да биде почеток на сериозна љубовна приказна, на која целосно ќе ѝ се посветите. Препуштете се.
Риби
Ако сте во врска:
Ќе се вложите максимално за да постигнете хармонија и стабилност во врската. Ќе поставите здрави граници уште на почетокот и точно ќе знаете кон што целите. Разбирањето и почитта се неопходни во два правци. Ќе ги решите проблемите со помош на трпение, контрола на емоциите и силен став. Промените ќе се случуваат постепено, па ако сте истрајни, до крајот на месецот ќе ја подигнете врската на ново ниво.
Ако сте слободни:
Ќе ве облее бран на страсти и желба да уживате уште повеќе во животот, без никакви препреки. Искористете ја енергијата за личен раст и за да процветате постигнувајќи лична стабилност и самопочитување. Нема да ви биде приоритет да најдете некој за себе, но можно е до крајот на месецот во кругот на пријателите да препознаете сродна душа.