Љубовен хороскоп за февруари 2023: Ракови - авантура со нескротлива личност, Скорпии - недостиг од љубов
Бик: Дури кон крајот на месецот за слободните Бикови ќе дојдат посакуваната возбуда и авантури. Некој ваш додворувач ќе исценира средба со вас на јавно место и тоа, иако малку клише, ќе ви се допадне. Биковите во врска, пак, ќе прават сè во име на љубовта.
Кој ќе биде заслепен одново од личност која му припаѓа на минатото, кој ќе флертува на работа, а кој ќе биде дел од толку хармонична врска, за која ќе посакува да трае до крајот на животот?
Љубовен хороскоп за февруари 2023:
Овен
Ако сте во врска:
Во врската ќе бидете посветени како и секогаш, но од некоја нејасна причина кон крајот на месецот ќе бидете склони на љубовни афери. Сепак, разумот ќе преовлада и во име на тоа да го задржите мирот во својот дом, ќе заборавите на напливот на страст.
Отворено кажете му на партнерот дека предолго бевте пресилни и дека сега имате потреба тој да ве прегрне, утеши и развесели. Потребно ви е некое заедничко патување за да ја вратите старата страст.
Ако сте слободни:
Месецов ќе бидете друштвени, самоуверени и подготвени за започнување на нова врска. Ако сте сингл, немојте наивно да прифаќате предлози од некој Овен, Лав или Јарец.
Претставниците на овие знаци може да ви изгледаат привлечно и да се обидат да ве освојат, но внимавајте на тоа дали имаат навистина чесни намери. Шармот ќе ви дојде до израз и лесно ќе се вљубувате.
Бик
Ако сте во врска:
Не само што вашиот пристап кон љубовниот живот ќе биде неверојатно сериозен, туку и ќе го дадете максимумот од себе. Од разбирање до страст и самоконтрола … Но, тоа ќе го очекувате и од партнерот.
Сакате силни личности и личности кои имаат моќ во себе. На моменти ќе се чувствувате запоставено и ќе мислите дека не го добивате потребното внимание, но мора да имате разбирање за работните ангажмани на саканата личност.
Ако сте слободни:
Дури кон крајот на месецот ќе ви дојдат посакуваната возбуда и авантури. Некој ваш додворувач ќе исценира средба со вас на јавно место и тоа, иако малку клише, ќе ви се допадне.
Само збунувачки ќе бидете поставени кон оваа личност затоа што на моменти ќе сакате да бидете во нејзина сенка, а на моменти да доминирате. Навистина периодов ќе сакате да играте игри.
Близнаци
Ако сте во врска:
Подготвени сте за компромиси и тоа ќе ви донесе среќа на љубовен план периодов. Изненедете го партнерот со некое интересно заедничко искуство и престанете да чекате на него.
Можно е флерт на работното место, но мора да внимавате да не станете мета на некој кој навистина нема сериозни намери со вас, а вие да срушите сè што градевте толку долго.
Ако сте слободни:
Вие знаете како да уживате и сингл, но месецов ќе сакате на секој чекор да го тестирате својот шарм. Можна е романса со некоја личност со навистина уметничка душа.
Исто така, ако одите на патување во странство, без разлика дали приватно или професионално, може да запознаете некој странец што ќе направи да ви се затресат колената. Сепак, пред сè мислете на својата безбедност.
Рак
Ако сте во врска:
Ова е еден прекрасен период на љубовен план за вас, а вашата врска може да се официјализира со свршувачка или свадба. Не двоумете се да донесете одлука со заедничко инвестирање во недвижнини.
Некоја постара личност ќе ви ја даде својата поддршка, а вие со задоволство ќе му ги доверувате вашите љубовни соништа на партнерот.
Ако сте слободни:
Можно е да се смирите со некој поранешен партнер, на кој му раскинавте во афектна состојба.
Некои, пак, од осамените припадници на овој знак ќе влетаат во страсна врска со некоја личност со нескротлив нарав. Ќе биде незаборавна авантура, која тешко дека ќе се претвори во нешто сериозно, но вреди да се обидете.
Лав
Ако сте во врска:
Месецов нема да се однесувате многу лавовски и постојано ќе барате потврда од партнерот за својата вредност. Нема да имате активирано одбранбен механизам и ќе му верувате на секој збор.
Можеби е време, иако сте во љубовна врска, да се ставите малку во погон и да бидете самодоволни, така повеќе ќе ве цени партнерот, а вие ќе бидете посреќни.
Ако сте слободни:
Концентрирани сте само на своите желби и на тоа што вие очекувате од вашиот љубовен живот, без да се грижите многу за реалноста.
Но, токму тоа сонување со отворени очи ќе направи да запознаете личност, која ќе биде многу поинаква од вас, но ќе ве восхити со ставовите на многу теми.
Девица
Ако сте во врска:
Размислете добро со каква личност сте во врска и дали има шанси да ве изневери. Подобрете ја комуникацијата во врската и ако работите повторно не мрднуваат од мртва точка – ставете крај.
Но, се разбира можно е да станува и само за лош период во врската, па разговарајте со постарите членови од вашето семејство за совет.
Ако сте слободни:
Вашата потреба за силна личност, за партнер кој ќе ве поддржи во сè и морално и финансиски, може да се оствари преку врска со Јарец, Скорпија, но и Риби и Бик.
Можна е романса која ќе стави точка на вашето чувство на ограниченост и затвореност. Ќе ставите крај на осаменоста и на комплексот на пониска вредност.