Најлошата карактеристика на која мора да поработите, според вашиот хороскопски знак
Ракови, одвојте минута-две и размислете на колку луѓе сте гневни во овој момент. На колку луѓе не можете да им простите, дури ни за најмал пропуст. Веројатно бројот е голем бидејќи вие никогаш не простувате.
Не постои безгрешна личност без лоши особини. Но, постојат луѓе кои се свесни за своите негативни карактеристики и работат на нив.
Пробуваат да станат подобри личности и не дозволуваат една лоша карактеристика да ги дефинира.
На која лоша карактеристика треба да поработите вие, според хороскопскиот знак?
Овен – нетрпеливост
Не заборавајте дека за некои работи е потребно време.
Вие сте полни со енергија и постојано имате потреба да се движите, но ова ве прави многу нетрпеливи. А, поради оваа нетрпеливост, неретко испуштате навистина добри можности.
Нормално, не можете да ја промените оваа карактеристика преку ноќ, но пробајте да забавите.
Размислете пред да одлучите или направите нешто, не брзајте да ја реализирате секоја идеја без план и научете да уживате во сегашноста наместо постојано да мислите на што следно ќе се фокусирате.
Бик – гнев
Обично вие го потиснувате гневот, но штом некој или нешто ќе ви ја „прелие чашата“, губите секаква контрола.
Гневот ве прави непредвидливи, а ова има влијание и врз вашиот однос кон другите.
Избувливоста ви ги уништува врските и создава штета која подоцна е речиси невозможно да ја поправите.
Наместо да го собирате гневот во себе, пробајте да го најдете неговиот извор веднаш штом ќе ја почувствувате оваа емоција. Потоа пробајте што е можно посмирено да го решите проблемот.
Близнаци – неодлучност
Вие постојано се премислувате, дури и во последен момент, а со ова ја разнишувате довербата на другите.
Дури и вашите најблиски пријатели не се сигурни дали можат да ви веруваат, бидејќи секогаш постои можност да си го смените мислењето.
Вие сте мошне флексибилна личност, но токму оваа флексибилност прави да бидете неодлучни. Некогаш сте и дволични, што дополнително ја уништува довербата на другите.
Пред да се премислите за нешто, пробајте да ги земете предвид чувствата на другите. Размислете како би се чувствувале тие ако во последен момент менувате планови и дали можеби со тоа ќе ги повредите.
Рак – неспособност да простите
Одвојте минута-две и размислете на колку луѓе сте гневни во овој момент. На колку луѓе не можете да им простите, дури ни за најмал пропуст.
Веројатно бројот е голем.
Кога некој ќе ве повреди и ќе ви се извини, вие лажете дека му простувате.
Не заборавајте дека со ова само си штетите и непотребно чувствувате презир кон сите околу вас.
Пробајте вистински да им простите на саканите и не дозволувајте потиснатиот гнев да ве уништи.
Лав – „зависност“ од туѓо признание
Кога сте со добро расположение, вие имате огромна самодоверба. Знаете како да го привлечете вниманието на другите и вистински уживате во тоа.
Но, штом малку ќе ви се разниша самодовербата, вие станувате зависни од туѓото признание.
Сакате постојано да слушате комплименти и пофални зборови, а ова може да биде заморно за луѓето околу вас.
Ги занемарувате другите и по секоја цена сакате да докажете дека сте најдобри, а притоа молите за нивното признание.
Сосема во ред е да сакате комплименти, но мора да научите дека тие не ја одредуваат вашата вредност.
Девица – осудување на другите
Вие сте премногу строги кон другите луѓе, а исто строги сте и кон себе.
Вашата намера не е лоша – само сакате да им помогнете на другите да станат најдобрата верзија од себе. Но сепак, луѓето околу вас поинаку гледаат на ова.
Постојано ги критикувате, ги омаловажувате и покажувате дека не сте задоволни од нив дури и кога го даваат најдоброто од себе.
На потполно ист начин се однесувате и кон себе – никогаш не сте задоволни и постојано се туркате да бидете подобри.
Мора да ги намалите очекувањата и за себе и за другите, заборавате на совршенството и сигурно ќе се чувствувате подобро.