Најлошата карактеристика на која мора да поработите, според вашиот хороскопски знак

najloshata-karakteristika-na-koja-mora-da-porabotite-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага – себичност

Вие сте прекрасна личност која секогаш го ужива вниманието на другите. Но, некогаш ова ве прави себични.

Постојаното внимание прави да мислите дека вие сте најдобри и дека ништо не е поважно од вашите потреби. Па, почнувате да се однесувате себично.

Сите мораат да ги исполнуваат вашите желби, сите мораат да ги следат вашите идеи и не ни помислувате да ги погледнете работите од туѓа перспектива.

Не треба да ви објаснуваме дека ова има ужасно влијание врз односот со вашите сакани.

Па, следниот пат кога ќе бидете во друштво, пробајте да заборавите на себе и фокусирајте се малку на другите.

Скорпија – одмаздољубивост

Вие можете да бидете најлојалниот пријател или партнер – сè додека не бидете измамени или повредени.

Штом некој ќе ви згреши, дури и на навистина безначаен начин, вие се претворате во друга личност.

Најважно ви е да ѝ се одмаздите на личноста што ве повредила, а подготвени сте да преземете драстични мерки за тоа.

Не ни помислувате на смирено решавање на проблемот, само сакате да ѝ го „загорчите“ животот на оваа личност.

Иако е во ред да бидете гневни кога некој ќе ве повреди, не дозволувајте одмаздата да ви стане опсесија. Ако не можете да ѝ простите на личноста, едноставно отстранете ја од вашиот живот и продолжете понатаму.

Стрелец – затвореност

Иако сте личност со авантуристички дух која ужива во дружби, сепак настојувате да бидете затворени.

Вие без проблем разговарате со другите, без разлика дали сте ги запознале сега или ги знаете целиот живот, но секогаш избегнувате да откривате детали за себе.

Всушност, дури ни вашите најблиски не знаат многу работи за вас.

Ова претставува проблем и во романтичните врски – ви се допаѓа да бидете вљубени и со личност којашто ја сакате, но ништо не може да ве натера да ѝ се отворите.

Престанете да се плашете од ранливоста и пробајте да бидете отворени барем со најблиските.

Јарец – користољубивост

Вие сте амбициозни и сакате да ги постигнете вашите цели по секоја цена.

Иако вашата мотивација е за восхит, желбата за успех некогаш ве тера да ги користите другите.

Вие сте подготвени да ги „згазите“ и вашите најблиски пријатели ако тоа значи дека ќе стигнете до некоја цел. Заборавате дека тие се луѓе, а не алатки што ќе ви помогнат да успеете.

Мора да покажете повеќе човечност и да се фокусирате и на други работи во животот освен кариерата.

Водолија – бесчувствителност

Вие сте личност со уникатен карактер и токму ова ве прави многу привлечни во очите на другите.

Но, бидејќи сте поразлични од повеќето луѓе околу вас, вие сте и по малку бесчувствителни.

Не можете да ги разберете луѓето со поразлични интереси и ставови од вашите, и не ни пробувате. Наместо тоа, ги осудувате, а некогаш сте и сурови кон нив.

Не заборавајте дека овој пристап само прави другите да ве избегнуваат и може да биде причина за вашата осаменост.

Пробајте да ги разберете ставовите на другите – не мора да ги прифаќате, туку сфатете дека е нормално да бидат поразлични од вашите.

Риби – менталитет на жртва

Вие сте многу чувствителна личност и неретко ви е тешко да се справите со сите емоции.

Кога ќе се соочите со проблем или поголем предизвик, негативните емоции ве надвладуваат, па почнувате да се гледате како жртва.

Не пробувате да го решите проблемот или да најдете излез од лошата ситуација, туку постојано се жалите и пробувате да ги убедите и другите околу вас дека навистина сте жртва.

Следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, пробајте да се фокусирате на решението и заборавете на мислењето дека само вам ви се случуваат лоши работи.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg