4 хороскопски знаци кои очекуваат партнерот да им ги чита мислите (и си ја уништуваат врската)

Биковите се срамежливи кога треба да зборуваат за нивните чувства и мразат конфликти. Па, тие никогаш нема да му кажат на партнерот ако им пречи нешто.

4-horoskopski-znaci-koi-ochekuvaat-partnerot-da-im-gi-chita-mislite-i-sami-si-ja-unishtuvaat-vrskata-01.jpg

Комуникацијата е едно од најважните нешта во љубовната врска. И вие и партнерот мора да бидете искрени и отворени, да ги споделувате вашите потреби, но и работите што ви пречат во вашиот однос.

Сепак, некои луѓе се затворени, дури и пред нивниот партнер, па наместо да зборуваат за проблемите, очекуваат партнерот да знае што им пречи без да му кажат ништо.

На некој начин, овие луѓе очекуваат партнерот да ги прочита нивните мисли, а со ова самите создаваат дополнителни проблеми во врската.

Кои хороскопски знаци спаѓаат во оваа категорија?

Бик

Биковите се срамежливи кога треба да зборуваат за нивните чувства и мразат конфликти. Па, тие никогаш нема да му кажат на партнерот ако им пречи нешто.

Многу поверојатно е суптилно да покажуваат дека нешто не е во ред – како игнорирање на партнерот – наместо да зборуваат за проблемот и да го решат.

Со други зборови, Биковите очекуваат партнерот да им ги прочита мислите.

Ова не значи дека Биковите имаат лоша намера, туку тие чувствуваат вина ако се пожалат за нешто и се надеваат дека партнерот прв ќе го почне разговорот.

Лав

Лавовите сакаат партнер кој ќе ги познава подобро отколку што тие самите се познаваат себеси.

Потребен им е партнер кој ќе може да ја предвиди секоја нивна потреба, а ова не е воопшто реалистично.

Иако Лавовите се свесни дека некогаш имаат превисоки очекувања, тие не се среќни ако мораат самите да ги кажат овие очекувања.

Лавовите не сакаат да побараат нешто од партнерот. Тие сакаат партнерот сам да сфати кои се нивните желби.

Тие ќе молчат дури и ако нешто навистина им пречи бидејќи сметаат дека партнерот треба да биде свесен дури и за неговите несвесни грешки.

4-horoskopski-znaci-koi-ochekuvaat-partnerot-da-im-gi-chita-mislite-i-sami-si-ja-unishtuvaat-vrskata-02.jpg

Стрелец

Стрелците пробуваат ништо да не сфаќаат премногу сериозно. Тие можат да направат шега и од нивниот најтежок миг.

Дури и кога навистина страдаат, ќе зборуваат како да не го ни забележуваат нивното страдање.

А, бидејќи им е тешко самите да се соочат со негативните емоции, речиси никогаш не ги споделуваат со партнерот.

Тие само се надеваат дека партнерот самиот ќе сфати дека има некаков проблем и ќе покаже иницијатива да се реши.

Риби

Иако се емотивни личности, не значи дека Рибите лесно ги споделуваат нивните емоции.

Рибите многу лесно ги забележуваат туѓите емоции, особено на партнерот. Поради ова, очекуваат партнерот да може да ги прочита нивните емоции.

Тие сакаат партнерот да почувствува кога не се среќни и самиот да почне да разговара за тоа.

На Рибите им е јасно дека мора да зборуваат за проблемите во врската, но посакуваат да не мора тие да ги почнуваат овие разговори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg