Рангирање на хороскопските знаци од најзабавни до најрезервирани (Стрелецот е на место број 1)
Место број 7: Скорпија
Тие имаат мрачна смисла за хумор, на моменти дури сурова. Не постои сомнеж дека имаат забавна страна, но на моменти знаат да бидат малку мрачни.
Имаат добар потенцијал за шеги, но не сите им го разбираат хуморот.
Место број 8: Риби
Тие сакаат да кажуваат забавни приказни, но понекогаш раскажуваат предолго и влегуваат многу во детали, па додека да дојдат до поентата луѓето губат интерес.
Најважно е да не се загубат во деталите при раскажувањето, инаку знаат да бидат забавни.
Место број 9: Бик
Тие немаат некоја голема смисла за хумор, но кога ќе изберат да го споделат тоа што ќе им падне на ум знаат да ги насмеат другите. Тие се интроверти и не сакаат многу внимание.
Често шегите знаат да ги потшепнат на уво на пријател или да ги кажат тивко и сосема ненаметливо.
Место број 10: Рак
Тие не се шегуваат на сметка на другите, туку кажуваат доброосмислени и интензивни шеги на своја сметка.
Нивните шеги се смешни за луѓето што ги знаат, но често неразбирливи за оние кои не ги знаат.
Место број 11: Водолија
Тие имаат смисла за хумор, но се резервирани и често шегите ги задржуваат за најблискиот круг на пријатели.
Некомфорно им е да се шегуваат пред непознати и честопати, дури и да имаат нешто забавно на ум, не го споделуваат.
Место број 12: Јарец
Тие се навидум строги, скржави се со насмевките, но нивниот суптилен хумор знае да ги насмее другите.
Најчесто се резервирани, само на моменти си дозволуваат да се опуштат и тогаш сите гледаат дека всушност има потенцијал во нив.
С. С. | Црнобело